20 Декември, 2025
0.0405

Компанијата МАРС тврди дека во Македонија нема пласирано производи со пластика во нив

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2016 20:59

Добивај вести на Viber

Компанијата МАРС најавува дека на ниво на ЕУ ги повлекува од пазарот производите [SNICKERS®, MARS® MILKYWAY®иCELEBRATIONS®] по пронаоѓање парче пластика во еден од производите.

„Повлекувањето на чоколадите се однесува само на производите кои се произведени во фабриката во Холандија. Ова е изолиран случај кој се однесува само на горенаведените производи кои се произведени во фабриката во Холандија. Ниеден друг тип на чоколади, друго пакување, големина на чоколадите, серија на производство, рок на употреба или производ кој е произведен на други локации не се засегнати со овој случај“, велат од Компанијата.

Оттаму во согласност со нивниот  интерен механизам за следивост, тврдат дека MARSSouthCentralEurope нема пласирано на македонскиот пазар ниеден од горенаведените производи.

Во соседна Србија пак надлежните превентивно ги повлекуваат 'Snickers 4 pack' од пазарот.

Како што пренесуваат српските медиуми повлекувањето се однесува на артиклот  (ANM35 - Snickers 34*4*50g MP HR BA RS ME) кој е произведен во Холандија со рок на употреба 10.07.2016. и број на серија 550F2NLD03 и не се однесува на било кои други Марс производи кои се произведени во други фабрики.

Како што оваа ситуација потенцијално постои и во пакувањето на MixMinis, исто така произведени во Холандија , со рок на употреба 10.07.2016-15.02.2017 кои исклучиво може да се најде на аеродромот во  Duty Free продавниците исто така се повлекува ова пакување.

Ниеден друг вид на чоколадо, пакување, серија на производ, рок на употреба или производ кој е произведен на други локации не се погодени со овој случја, истакнуваат во компанијата Марс во која изразуваат жалење после евентуална непријатност која потрошувачите ја искусиле.

До денешен ден компанијата Марс примила само една жалба на потрошувачи во светот. Во Србија, досега не е примена ниедна жалба на потрошувачи.

Потрошувачите кои ги купиле горенаведените производи се предупредуваат дека не би требало да ги конзумираат.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба