17 Мај, 2024
0.0271

По повод Светскиот ден на дијабетес

Kомпанијата „Варус“ и Здружението на лекари по општа - семејна медицина во кампања за подигнување на свеста за предијабетес и дијабетес

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Компанијата „Варус“, овластен застапник во РСМакедонија на водечката научно-технолошка фармацевтска компанија „Мерк“, Германија во соработка со Здружението на лекари по општа - семејна медициназапочнува кампања за подигнување на свеста за превенција на развојот и контролата на дијабетесот. Компанијата се приклучува кон глобалната кампања по повод Светскиот ден на дијабетес, кој Меѓународната федерација на дијабетес, со низа активности, го одбележува секоја година на 14 ноември. 

Кампањата достигнува публика од над 1 милијарда луѓе во повеќе од 160 земји. Претставува глобален двигател за промоција на важноста за преземање на координирани и усогласени активности и соочување со дијабетесот како клучно глобално здравствено прашање, поставувајќи го дијабетесот во центарот на вниманието на светската јавност и политика.

Оваа година, кампањата става посебен акцент за превенцијата на дијабетес мелитус и соодветната контрола и третман на предијабетесот, кој навремено дијагностициран, му дава на пациентот можност преку промена на животниот стил и примена на соодветна терапија да го превенира или одложи развојот на дијабетес мелитус тип 2.

Кампањата ќе се одвива на FB и Instagram страниците „Здравјето приоритет- Аларм за свест “ на која во периодот од 4 до 30 ноември ќе бидат споделувани пораки и содржини поврзани со препознавање на предијабетесот, ризик фактори и симптоми, превенција и третман.

Инаку, бројот на заболени од дијабетес мелитус во нашата земја е во пораст. Минатата година  бројот изнесувал 120.000 од кои 40.000 се на инсулинска терапија. Од вкупниот број пациенти, регистрирани биле 500 деца заболени од дијабетес мелитус на возраст до 14 години. На еден дијагностициран постои еден кој не е и незнае дека ја има болеста.

Во светски рамки, според Меѓународната федерација за дијабетес во 2017 година, бројот на возрасни лица од светската популација со нарушена гликозна толеранција изнесувал 352,1 милиони, а до 2030 година, приближно 7% од светското население или околу 400 милиони лица, ќе има нарушена гликозна толеранција. Се проценува дека околу 70% од лицата со нелекувана IFG (Нарушена гликемија на гладно) и / или IGT (Нарушена гликозна толеранција) ќе развијат дијабетесмелитус тип 2 во следните неколку години.Предијабетесот е исто така честа состојба кај младата популација во светот.

Речиси една третина од пациентите со предијабетес се на возраст помеѓу 20 и 39 години, а речиси половина од вкупниот број се на возраст под 50 години.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!