14 Ноември, 2019
0.0192

Компјутерски центар

Објавено во: Колумни 08 Септември, 2019

Нескромно, а можеби и од презаситеност, чекав да помине историската дистанца од моето заминување во пензија (не знам кој ги одредил тие 30 години) па да се сетам на битисувањето во куќата Македонско радио. Денешниов ден е повеќа од повод малку да пробуричкам низ црпкава и да се присетам како беша баш на 8-ми септември 1991.

Бројките нема потреба да ги повторувам,но и другите историско-глобални околности (тие секаде може да се најдат, а и секој ги знае)-помалку или повеќе. За екипата што беше одредена да работи тој ден (од сабајле до вечер) тоа беше не само работна обврска туку и своевидна чест и задоволство. Такви моменти од 70-те години на минатиот век па до тогаш јас и генерацијата пред мене и по мене имаше безброј-те избори, референдуми за самопридонес и за трамвај у Скопје, за членови на претседателството на СФРЈ од РМ, до избори за претседател на државата, референдум за нова регионална поделба и така натаму и наваму.

Но ова беше нешто посемно што требаше од новинарски аспект добро да се организира , за да успее (слушателите да бидат навремено и точно информирани-а за крајниот исход ќе кажат граѓаните). Добивме уште една телефонска линија за јавување на дописниците (ги имаше од секое катче на Македонија, се опреми компјутерски центар-еј компјутерски, со еден комодоре кој палеше на буткање, сместен во телепринтерското одделение со кауч за ноќен одмор на вработените кои деноноќно дежураа крај танјуговите телепринтери, со масичка и кобајаги фотљи донесени којзнае од кој магацин (тука ни беше место за кафе, но иза ужинка и по некоја чашка за опуштање) ......а ние како запета пушка.

Во текот на денот имавме јавувања од терен во почетокот на гласањето, потоа првични податоци за излезноста во 10, па во 12, па за Дневни новости, потоа во 17 часот и во 19 од затворањето на гласачките места....а потоа без некој распоред со крајни извештаи по секоја општина и населено место кај што можеа да допрат нашите вредни дописници. Сите податоци во секој момент ги уфрлавме во машината, нели така, која даваше бројка на излезност и број на места од каде што имаме податоци. Беше мерак да се гледа гледа како нашите податоци се релевантни и брзи и на нив ние само правевме вести и иформации што ги соопштуваа нашите дежурни колеги во студиото.

Круна на се беше нашиот краен ангажман-дежурниот репортер во нашето подвижно студио на Плоштадот Маршал Тито ги соопштуваше крајните збирни резултати пред многуилјадниот народ-весел и раздраган што конечно се исполнува неговата волја за самостојна и независна држава. Ако нешто ми е криво и ден-денеска што моите помлади и помалку помлади колеги не сакаа да појдеме на Плоштад и да ја почувствуваме атмосферата на историскиот момент што вечно ќе се памети. Не оти бев некој мераклија за митинзи и слични групни манифестации што низ годините ги имаше безброј и поминаа во мое упорно отсуство,но овојпат сакав да сме таму.....но тие инсистираа да ги честам пијачка во Хард-Рок кај Тоде, неќеа кај Мравка у Алтан нашата постојана база.

Дремеме уморни и папсани делкаме вотка, зашто ж,та нема и глеаме како играат пинг-понг наши раководители на кои местото им беше на бината до Киро и Кљусев....знам дека многумина ќе ми се јават со реакција но тоа е мојата приказна за 8-ми септември, секој си има своја!!!! 

Mojсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Нестабилни движења на извозот и увозот на македонското земјоделство

Нестабилни движења на извозот и увозот на македонското земјоделство

Денот на Републиката

Денот на Републиката

Три децении од паѓањето на берлинскиот ѕид – (не)научени лекции

Три децении од паѓањето на берлинскиот ѕид – (не)научени лекции

Се нуди политички „трет пат“- по којзнае кој пат

Се нуди политички „трет пат“- по којзнае кој пат

Влијание на перењето пари врз развојот на националната економија

Влијание на перењето пари врз развојот на националната економија