19 Мај, 2024
0.0270

Кому му светна од кризата со струја? Македонска фирма заработи 20,6 милиони евра!

Објавено во: Економија 19 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

И покрај високата и волатилна цена на природниот гас, домашниот голем приватен производител на струја ТЕ-ТО лани продаде струја за 132 милиони евра. Од тоа профит се повеќе од 20 милиони евра.

Старата народна изрека вели: некому ќе му се раздени кога другому ќе му се стемни! Годинава значењето на таа народна мудрост се преслика во македонската енергетика. Кризата во производството на електрична енергија која веднаш се преслика во снабдувањето со струја создаде ситуација на загуби и на затворања фирми, државни интервенции со буџетски пари, кризни состојби... Грото ефекти се негативни, а последиците од тоа што енергетската криза нас не фати во расчекор се повеќеслојни.

Но не е се така црно....

Убедливо најподготвена компанија за справување со енергетската криза лани беше најмодерната домашна компанија за производство на струја скопски ТЕ-ТО. Станува збор за популарно наречена џет-турбина (џет – синоним за авионски млазен мотор кој е суперирен при постигнување голема снага за многу кратко време) која има инсталиран капацитет за производство на 220 мегавати струја за еден час. Главна конкурентна предност на оваа електрична централа е тоа што е исклучително сигурна и доверлива машина од новата генерација кај која речиси и да не постои ризик од испад или намалување на производството.

Низ годините наназад единствена маана и беше пазарната цена на погонското гориво т.е. природниот гас. Но, од почетокот на 2021 година работата се промени, а кусокот струја на понуда го направи гасот конкурентен на класичните извори на производство на енергија во нашиот регион, а тие се јагленот, водата и ураниумот.

Промената почна да се гледа уште во 2020 година, а лани работата на ТЕ-ТО беше особено конјуктурна заради тоа што на европско ниво почнаа незапирливо да растат цените на електричната енергија предизвикани од крајно волативните цени на природниот (руски) гас на европските пазари.

Тоа во комбинација со исклучително лошата производна кондиција на нашиот државен производител на струја ЕСМ и кризата со јаглен во српскиот најголем рудник Колубара дополнето со регионално очајната хидролошка состојба ја направи струјата производ за чија цена не се прашува.

А особено добро заработија умните глави кои се добри аналитичари и на време преку фјучерси си обезбедија природен гас за потребите на производителите како наш ТЕ-ТО.

Епилогот е повеќе од евидентен: според официјални податоци достапни од базата на Централниот регистар, ТЕ-ТО лани остварил профит од 20,6 милиони евра. Овој профит е остварен од приходи вредни 132,5 милиони евра кои ТЕ-ТО ги инкасираше од продажба на струја лани.

Приходите од продадената струја на ТЕ-ТО лани се зголемени за 42 отсто, а профитот од продажба на струја за една година пораснал за 70 отсто.

Што ТЕ-ТО има, а никој друг нема?

Токму џет-турбината односно машинската постројка што ја произведува струјата е главната компаративна предност на ТЕ-ТО пред другите домашни капацитети за производство. Нејзината предност е во тоа што за многу кратко време може да достигне потребно ниво на производство и заради тоа може да работи и како понудувач на енергија за балансирање, а таа енергија всушност и е најскапата енергија која се внесува во системот во моментот на недостиг односно кусок на планирано и најавено производство.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници