КОМУНАЛНА ХИГИЕНА ИЗНЕНАДУВА: “Претурач по контејнери“, ново работно место од Град Скопје
Објавено во: Македонија 07 Април, 2018 14:03
Граѓаните кои претураат по контејнери за да најдат пластика, картон или стакло ќе може истото да го работат истото само легално и наместо од контејнери овој тип на ѓубре ќе го собираат од пред домовите на граѓаните. Град Скопје ги внесува во формалниот систем, ќе носат униформа, а крајната цел е околу 1400 вакви собирачи да станат дел од ЈП Комунална хигиена.
Со ова Град Скопје сака прво “претурачите по контејнери” да ги внесе во системот и да станат економски одржливи, да се зголеми новото на хигиена во градот, како и да нема повеќе луѓе по контејнерите туку отпадот директно да се собира од домовите на граѓаните. За реализација на оваа идеја Град Скопје потпиша Меморандум за соработка со ЈП “Комунална хигиена”, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина “Го грин” и Здружението Ромски бизнис информативен центар во Македонија со цел унапредување на соработката во управувањето со отпад.
– Со овој Меморандум се обврзуваме дека заеднички ќе дејствуваме и соработуваме во интерес на подобрено управување со отпадот, унапредување на центрите за собирање, селектирање и складирање на отпадот на ниво на Град Скопје. Дополнително со ова ќе се постигне формализирање на неформалните собирачи на отпад и нивно вработување во организираниот систем за управување со отпад, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Предвидено е и отворање на трета претоварна станица во Шуто Оризари. На граѓаните ќе им се понудат вреќи за отпад во кои ќе можат да го селектираат отпадот и да го оставаат пред своите домови, од каде што собирачите ќе го подигнат. Подигањето ќе се врши рачно од домовите на граѓаните, а ќе се користи и дел од инфраструктурата на ЈП “Комунална хигиена”. Лицата засега ќе немаат давачки кон Град Скопје.
Градската власт очекува системоткој ќе започне за еден месец комплетно да се имплементира до крајот на годината.
извор: Вечер.пресМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




