КОНЦЕРТ ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ - како Израел слави што ја добива битката против ковид 19
Објавено во: Свет 06 Март, 2021
Повеќе од сто лица вакцинирани против коронавирусот присуствуваа вчера на концертот на отворено кој го организраа градските власти на Тел Авив, кој беше првиот концерт одржан од избувнувањето на пандемијата пред една година.
Танцувајќи на трибините, петстотина одушевени посетители со заштитни маски го следеа концертот на израелскиот поп пејач Иври Лидер на фудбалскиот стадиобн Блумфилд.
„Ова е навистина прекрасно, среќна сим и нестрпливо го исчекував концертот. Се надевам дека ова е почетокот на времето кога ќе можеме да се вратиме на нормалниот живот“, изјавила за AFP, Рут Гофер.
Ејтан Шварц, портаролот на градските власти на Тел Авив, изјави дека ова е првиот во низата концерти кои ќе следат во следниот период.
„Се надевам дека наскоро ќе можеме да го наполниме стадионот со 30.000 луѓе, како и што е редот“, додаде Шварц.
За да можат да влезат на стадионот, посетителите морале да покажат потврда од израелското министерство за здравство за тоа дека ги примиле двете дози од вакцината на Фајзер, кои на Израел му овозможуваат непречена испорака во замена за биомедицински податоци за дејството на вакцината против Covid-19.
Израел, каде повеќе од половината на населението ја примоло барем првата доза на вакцината за короанвирусот, на почетокот од февруари излезе од третиот карантин.
Пристапот до културните настани, спортските сали и хотелите засега е овозможен само за оние кои имаат потврда за вакцинирањето.
Оваа држава од почетокот на пандемијата пријави 796.465 случаи на зарази со коронавирусот и 5.834 смртни исходи од заразата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.