18 Март, 2025
0.0403

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ РАКОВОДИ СО „ЖИТО КАРАОРМАН“ - еве кои се директорите на кои Селаудин Арифи им ја даде својата доверба

Објавено во: Економија 18 Јули, 2023 08:15

Добивај вести на Viber

Конечно се дозна кој ќе раководи со млинско-пекарската компанија „Жито Караорман“, откако нејзиниот, сега доминантен сопственик, Селаудин Арифи, се стекна со над 74 проценти од акциите, но и објави понуда до сите акционери за тотално докупување на нивните акции, со што тој би го поседувал целото ова акционерско друштво.

Вчера се одржа Собранието на акционери, а требаше оваа седница да заврши, па да се дознае кои се предлозите на новиот доминантен сопственик за тоа кој ќе раководи со компанијата во наредните години, односно кој ќе ги заземе челните директорски места. Имено, по завршувањето на Собранието на акционери од компанијата пратија известување дека стариот Одбор на директори се разрешува, а на нивно место се именуваат нови директори на компанијата.

Инаку, од поодамна се знаеше и беше најавена на седницата на Собранието на акционери, односно беше ставено како предлог одлука разрешување на досегашниот менаџерски тим, но не се знаеја имињата на новите директори, кои станаа познати после вчерашната седница на Собранието на акционери.

Сега веќе е јасно дека е разрешен досегашниот одбор на директори, во состав од Марјан Максимоски, Софронија Миладиноски, како и Слободан Јовески.

„Се разрешуваат досегашните членови на Одборот на директори, Марјан Максимоски, поднесена оставка, Софронија Миладиноски, како и Слободан Јовески“, се вели во донесената одлука на Собранието на акционери.

А, еве кој ќе дојде на нивно место, сега веќе мистеријата е симната од новиот менаџерски тим. 

Од Одлуката на Собранието на акционери може да се види дека единствен човек што останува од досегашниот одбор на директори е Слободан Јовески, кој всушност ќе биде извршен член на одборот, што би значело дека ќе биде генерален извршен директор.

Други двајца неизвршни директори се Зоран Паневски и Арбиан Бајрами.

„Се именуваат нови членови во Одборот на директори на МПИ Жито Караорман Кичево, и тоа Зоран Паневски, неизвршен член, Арбиан Бајрами, неизвршен член и Слободан Јовески, извршен член на одборот на директори“, се вели во одлуката која ја донеле акционерите.

На седницата Собранието ја одобрило и усвоило и Годишната сметка за минатата година, потоа Финансискиот извештај за 2022 година, за усвојување на извештајот од независниот ревизор, како и за Одобрување на работата на Одборот на директори.

Акционерите донеле одлука и добивката остварена во минатата година да се употреби за покривање на загуби од минатите години.

Како што веќе објави Фактор, од Жито Караорман веќе јасно објавија дека близу 51 отсто од капиталот на компанијата продал досегашниот доминантен акционер Сретен Миладиноски, а тој акционерски пакет го откупил Селаудин Арифи, кој беше помал акционер во компанијата. Но, Селаудин Арифи, сега оди и чекор понатаму. Односно, тој сега поседува вкупно 74,19 отсто од акциите во „Жито Караорман“, а тоа се оние 23,52 проценти кои и претходно ги држеше, заедно со 50,67 отсто од акциите, кои ги докупи преку блок трансакцијата минатата недела.

Но, Арифи не се задржува само на овој акционерски пакет од три четвртини, туку и на сите преостанати акционери им нуди целосно да ја преземе компанијата „Жито Караорман“, односно да стане целосен сопственик со 100 отсто од капиталот.

Арифи нема наведено по која сума нуди да ги докупи преостанатите акции од овие 54 домашни физички лица кои се акционери.

Селаудин Арифи, всушност е познат како газда на фирмата „АС Сењак“, а според некои извори тој е близок со високи лица во ДУИ, една од владејачките партии. За оваа фирма се пишуваше и дека добива бројни државни јавни набавки.

"Жито Караорман" Кичево, како што ја опишале нивната дејност на берзата, е една од водечките фирми во млинско пекарската индустрија во земјава, која располага со најсовремени машини за производство на брашно, леб и бели печива. „Жито Караорман“ е компанија која во изминатите две години остварува солидни приходи од работењето и тоа во 2020 година имале приход од 1,9 милиони евра, една година потоа приходите биле нешто пониски и изнесувале 1,83 милиони евра, а во 2022 година се спуштиле на нецели 1,5 милиони евра. Но, на овие одлични приходи и одлична оперативна добивка во изминатите години, чистиот профит на компанијата останува многу низок и изнесувал лани 6,5 илјади евра, во 2021 година бил 4,1 илјади евра, додека во 2020 година изнесувал 6,8 илјади евра.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ