КОНЕЧНО, ЗА ДЕЦАТА, МЛАДИТЕ И ТРУДНИЦИТЕ ИМА СЕНЗОРИ ЗА ДИЈАБЕТЕС: Ќе заврши боцкањето по неколку пати на ден, Диме Велев за Фактор

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2023
Барем еден дел од
долгогодишниот проблем на луѓето со дијабетес тип 1 е завршен. Во Макдонија
пристигнаа 700 сензори наменети за децата до 18 години, дечињата со слепило и
трудниците. Во разговор за Фактор, претседателот на Сојузот на здруженијата на
дијабетичари, Диме Велев потврди дека пациентите се веќе повикани и од следната
недела ќе почнат со обуки како да се користат сензорите.
-Ова е само еден сегмет од нашата борба за пациентите со дијабетес. Тука се сензорите кои ги чекаме со години, а пациентите веќе се повикуваат. На Клиниката за детски болести ќе можат да го подигнат секој својот сензор веќе од следната недела, на 3, односно на 4 октомври и тогаш ќе добијат и соодветна едукација, обука како да се користи. Ова е посебно важно, бидејќи сенозрите од корен ќе го променат животот на овие млади луѓе. Оваа напредна технологија во медицината освен што овозможува на пациентите да престанат со неколкукратното боцкање во текот на денот, даваат и информации и на родителите и на лекарите за висината на шеќерот во крвта. Во оваа насока, родителот може да ја следи состојбата на своето дете додека е на училиште на пример. Сензорот ги пренесува информациите и сигнализира што може да се случи, така што родителот може навреме да реагира, да му посочи на детето да јаде или пак да внесе инсулин и така натаму, нагласува Велев.
Од друга страна, како што вели тој, се отвора ново прашање поврзано со безбедноста на лентите и глукомерите.
-Светот со светлосни години оди напред, а ние добивме едни од најстарите глукомери или апаратчиња за мерење шеќер со ленти пакувани во кесички. Целиот сет е препакуван. Не загрижува фактот дека лентите одговараат и на други апарати, а тоа не смее да се случи. Чипот на лентичките одговараат само на еден апарат, односно на чипот на апаратот со кој се даваат. Доколку даваат погрешни резултати, може да се случи вистинска инвазија на организмот. При секоја хипергликемија некој од органите страда, срце, бубрези, се јавува ретинопатија. Тоа значи дека секоја хипергликемија доведува до уште едно хронично заболување за пациентот, појаснува Велев.
За ова има и бројникции од пациентите кои веќе ги подигнале и глукомерите и лентите:
-Денеска го земав новододелениот апарат и го споредив со останатите два што ги има, ама навистина не знам како ќе се лечиме и заштитиме. Ова е уште еден предизвик поради кој не ќе можеме мирно да спи, ова е страв, стрес и убивање на тивок начин.
Пациентите, односно Сојузот веднаш ја алармирале Националната комисија за дијабетес од каде добиле уверување дека новите апарати за мерење на шеќерот во крвта се безбедни.
-Националната комисија за дијабетес ги уверува пациентите за точноста и безбедноста на новите апарати. До крајот на неделата претставници од Здруженијата на дијабетичари, како и пациенти со дијабетес ќе бидат повикани на средба со министерот за здравство на која ќе им се презентира целосната документација за апаратите и лентите, како и целиот процес на набавка од МАЛМЕД и Националната комисија за дијабетес, стои во соопштението на Министерството за здравство.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лавров го критикуваше ОБСЕ, но другите учесници на самитот ја критикуваа Русија

ЛАВРОВ БАРА ДОСЛЕДНО ПОЧИТУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА НА ОБСЕ: Средба со Османи и Борг
Борбата против корупцијата и перењето пари станува приоритет - еве што е договорено на Министерскиот самит
УШТЕ ЕДНА ПРОВОКАЦИЈА: Ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште во Велес

ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА ВО СКОПЈЕ: Се одржува Министерскиот совет на ОБСЕ (ГАЛЕРИЈА)

ЖОЛТА ПОТЕРНИЦА ЗА ВАЊА ВО ИНТЕРПОЛ: Сите членки се предупредени за нејзиното исчезнување

ОСМАНИ БЛАГОДАРЕН: Еве што објави министерот за надворешни работи

АКО ИМА НОВ ВОЕН КОНФЛИКТ НА БАЛКАНОТ: Петровска вели, одговорноста е кај политичките лидерства на тие земји
