Конференција „Влијанието на евроатлантските интеграции врз економијата“
Објавено во: Економија 03 Април, 2013 09:52
Во организација на Евроатлантскиот совет на Македонија, Стопанската комора и Факултетот за безбедност денеска ќе се одржи конференцијата „Влијанието на евроатлантските интеграции врз економијата на Република Македонија“.
Целта на конференцијата е да ги собере на едно место владините претставници, претставниците на невладиниот сектор, истражувачите, компаниите, академскиот сектор и тинк-тенк општеството за размена на нивните идеи и размислувања во контекст на развојот на економијата преку интегративните процеси на државата во евроатланските структури.
На конференцијата ќе учествува министерот за економија Ваљон Сарачини, а обраќање ќе има државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




