19 Декември, 2025
0.2539

КОНФЛИКТ меѓу Берлин и Лондон: Меркел бара од Камерон да си го плати долгот кон ЕУ!

Објавено во: Свет 29 Октомври, 2014 19:40

Добивај вести на Viber

Германија порача дека секоја земја-членка на ЕУ треба да си ги исполни обврските кон Унијата, при тоа индиректно опоменувајќи ја Велика Британија која се изјасни дека нема намера да ги уплати бараните 2,1 милијарди евра во европскиот буџет што ги побарува Брисел од Лондон. Ставот на германската Влада е дека треба да се почитуваат правилата, изјави портпаролка на германскиот министер за финансии Волфганг Шобле. Европската комисија повремено ги проверува и прилагодува финансиските придонеси од секоја земја-членка врз основа на нивниот бруто домашен производ. Со ова, некои земји добиваат поврат на средства, а други треба да уплатат повеќе. Тоа се случува сега и со Велика Британија, која според пресметките на Комисијата во буџетот на ЕУ треба да уплати дополнителни 2,1 милијарди евра. Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека неговата земја нема намера да ја изврши уплатата, со што заработи пофалби од евроскептиците од земјата. Лондон ја обвинува Комисијата дека барањето е неприфатливо. Брисел, пак, не сака да попушти стравувајќи дека доколку Лондон биде ослободен од уплатата истото ќе го побараат и други земји-членки на ЕУ.  

Можеби ќе ве интересира

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?