20 Декември, 2025
0.0581

Конгресот на САД одобри 577 милијарди долари за одбрана

Објавено во: Свет 13 Декември, 2014 12:23

Добивај вести на Viber

Американскиот Конгрес го одобри буџетот за одбрана за 2015 година и тој изнесува вртоглави 577 милијарди долари, вклучувајќи и 64 милијарди за воените дејсвувања во странство.   Новиот буџет ќе овозможи и финансирање на обука за сириските и ирачките сили кои се борат против Исламската држава.   По одобрувањето од страна на Сенатот воениот буџет треба да го потпише американскиот претседател Брак Обама.   Првичната распределба на буџетот за одбрана на САД за 2015 година предвидува 496 милијарди долари од основниот буџет да му припаднат на Пентагон, 18 милијарди на Енергетскиот департмент за нуклеарно оружје, а 64 милијарди долари предвидено е да бидат искористени за мисии надвор од државата, пренесува Ројтерс.   Поради намалувањето на буџетот Пентагон побарал од Конгресот да се редуцираат системите за вооружување за кои смета дека не може повеќе да се одржуваат поради немање доволно средства, но ваквиот предлог Конгресот го отфрлил.   Според проекциите на буџетот за наредните 10 години средствата наменети за одбрана на САД и понатаму ќе бидат значително намалени.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја