КОНКУРЕНЦИЈА НА ПАЗАРОТ - Српски „Телеком“ влегува во земјава, ќе основа компанија која ќе се вика „Мтел“ и ќе нуди мобилна телефонија и интернет
Објавено во: Економија 31 Јули, 2021 06:58
Tелеком Србија планира да основа подружница во Северна Македонија и да започне да нуди мобилни услуги во нашата држава до крајот на 2021 година, објавија српските медиуми.
Подружницата во Северна Македонија ќе го носи името Мтел и ќе започне да нуди сателитски ТВ услуги во рок од еден месец, пренесе агенцијата Танјуг, цитирјќи го генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ.
Мобилната телефонија и услугите за оптички Интернет ќе бидат воведени до крајот на 2021 година.
„Имавме планови за проширување на пазарите во Северна Македонија и Албанија, овие планови постојат веќе три години. Се обидовме да влеземе на албанскиот пазар со купување на Телеком Албанија, но на крајот, бевме спречени", рече Лучиќ.
Телеком Србија има намера да добие присуство во сите земји на Западен Балкан, додаде тој.
Земјите од Западен Балкан ги укинаа таксите за роаминг за повици во регионот на 1 јули.
Извор и фото: SeeNews
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




