19 Декември, 2025
0.0858

КОНКУРЕНЦИЈА НА РАБОТНОТО МЕСТО: Ова ги плаши вработените или ги мотивира да бидат подобри?

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2025 07:44

Добивај вести на Viber

Психолозите советуваат дека конкуренцијата е здрава работа и дека доколку имате конкуренција на работното место, треба да си ја насочите енергијата како да бидете подобри, попродуктивни и покреативни. Ако веќе се прави споредба, таа да не носи негативни емоции, туку да помогне за личен раст и развој на личноста.

„Треба да гледаат од позитивен аспект на таа ситуација. Треба да бидат посвесни за својата работа, за обврските на тоа работно место. Зависи каде работат, да одат на обуки, да имаат пошироки познавања за работата која ја обавуваат. Најважно е да се работи на себеси, тоа зависи од самиот човек, од поединецот, а не од работното место“, вели Илдита Биљали, психолог.

Но, луѓето велат дека на работното место, новиот вработен другите го гледаат како конкуренција. Според нив, во пракса ова често не е мотив за личен раст и развој и подобрување на продуктивноста.

„Го гледаат новиот како конкуренција, а тешко дека ќе ги мотивира да бидат подобри“, рече Катерина Ангеловска, граѓанка.

Често луѓето на работното место се соочиле со саботажа.

„Во пракса слабо се оди на личен развој, туку повеќе имаме завист, љубомора и не знам како тоа да го објаснам. Луѓето сакаат со својата просечност и потпросечност да земаат плата. Немаат никаква мотивација“, додава Сања Р. граѓанка.

Една помлада девојка која скоро се вклучила на пазарот на трудот, вели дека во компаниите, колегите се гледаат како конкуренција.

„Се доживуваат како конкуренција, се плашат дека некој ќе им го земе работното место, дека нема да бидат доволно добри. Има саботажа и таа не е тивка, туку станува директна. Денеска се смета како да е срамота луѓето да работат на себе и ако го кажат тоа, ќе ги осудуваат. Се плашат да не бидеш подобар од нив, да не земеш поголема плата не дај боже од нив, ако направат грешка, ќе гледаат таа да ти ја препишат тебе, ќе те наклеветат дека ти си ја направил грешката, само за да бидат величени“, рече Рената С. граѓанка.

Многу психолози од регионот ја разработуваат оваа тема. Велат дека луѓето се чувствуваат дека туѓиот успех е нивниот неуспех, дека немаат шанса покрај својата конкуренција. Имаат чувство дека конкуренцијата им го зема она што е нивно. Стравот од конкуренција е „ментална кочница“. Конкуренцијата е „кочница“ и ако станува збор за тимска работа. Се верува дека стравот од конкуренцијата може да ја наруши атмосферата во работната средина. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии