19 Август, 2019
0.0195

Конкурентска способност во земјоделството

Објавено во: Колумни 05 Август, 2019

Земјоделскиот сектор е еден од најзаштитените и силно регулирани сектори во многу земји и особено во ЕУ и некои други развиени земји. Таквата положба е причина за искривување на трговијата со земјоделски производи на глобален план, што ја ограничува можноста за остварување на економски развој во сиромашните и неразвиени земји. Тоа е една од причините за либерализација на трговијата со земјоделските производи во рамките на СТО. Правилата во рамките на СТО водат до значајно намалување на царините но и во однос на внатрешната поддршка и елеминирање на извозните поддршки. Таа либерализација има влијание врз конкуретнската способност и води до значителна промена во меѓународната  прераспределба на пазарите.

  Определувањето на конкурентската способност во сектори и подсектори во земјоделството е важна ориентација за спроведувањето на идната политика за стимулирање и помагање на конкурентската способност.

  Општа дефиниција. Конкуретската способност е широко дискутирана тема: во списанија, весници, бизнисот, економистите, политичарите. Тоа е едно комплексно и противречно прашање. За жал нема ошшто прифатена дефиниција на конкуренската способност, како и за методите на нејзино мерење. Една од причините е различното ниво на мерење на конкуретската способност. Тоа може да се разгледува на ниво на вкупната економија, на сектор или одделна фирма.

  Специфичноста на конкурентската способност во земјоделството.

  Бидејќи голем дел од производството во земјоделството стигнува на пазарите под форми на различни полуфабриканти и преработени производи, преработувачката индустриаја е неделив дел од целиот процес и е важна за конкуретнската способност.

  Расположивоста и квалитетот на факторите за производство и состојбата на користената технологија во споредба со тие на конкуретнтите, може да биде решавачко за дефинирање од кои производи земјата може да очекува да има споредбена предност. Пристапот до капитал, на пример е од  големо значење за развој на производството кое користи интензивен капитал, а пристапот до нови технички и трговски сознанија во фирмата  е важен за развој на нови производи, подобрување на квалитетот и продуктивноста. 

  Постоењето (практикувањето) на стабилна, транспарентна и предвидлива државна политика е особено важно за земјоделството, кога се има во превид, дека тоа е еден од најсилно регулираните сектори во економијата на многу земји. Поддршката на државата во областа на: образованието, истражувањата и развојната дејност од своја страна се од особено значење за подобрување на продуктивноста во секторот.

  Макроекономски услови. Развојот на земјоделството силно зависи од макроекономските параметри како големината на каматниот процент и курсот на валутата. Поради сезонски карактер на земјоделството, пристапот до кредити е секојпат од особено значење за нормално функционирање на секторот.

  Влијание на секторите и локалниот пазар. Постоењето на конкуретно способни производители на суровини е важен услов за обезбедување на квалитетна и условно ефективна суровина за натамошна преработка во ланецот од примарен до готов производ. Кога преработувачката индулстрија е конкурентно способна, сама по себе е од значење, бидејќи повеќе од земјоделските производи доаѓаат на пазарот по извесен степен на преработка. Уогата во тие меѓусебни осноси има локалниот пазар со својата големина, раст и почитување на потрошувачите.

  Инфраструктура. Состојбата на инфраструктурата во една земја под формата на транспорт и комуникација има влијание врз конкурентската способност за производи и во сектори каде што брзото доставување на производите со кус рок е од особено значење.

Со намалување на транспортните трошоци и подобрување на инфаструктируте, се создаваат претпоставки за траспортирање на земјоделските и прехранбените производи на поголеми растојанија, дури и за такви производи кои се објект на производство и потрошувачка пред се од регионален аспект. Тоа исто така помага во извозот и увозот.

  Конкурентските предности се менуваат во времето. Едни фактори, кои се користат интензивно во земјоделството и прехрамбената индустрија често  се заменуваат со други. Динамичните процеси, кои течат во глобален план исто така имаат свое влијание. Извозот расте во земји во кои расте обемот на вложен капитал во земјоделството и прехрамбената индустрија според многуте истражувања досега. Исто така, една земја со споредбени предности во земјоделското проиводство може да ги пренесе предностите и во преработувачката индустрија врз основа на пониски откупни цени.

  Заедничкиот Европски пазар ја интензифицира конкуренцијата. Сведоци сме на глобализацијата, новите технологии, кои го прават транспортот на прехрамбените производи за долги растојанија економско оправдан, појава на нови сили на Светскиот пазар како Јапонија и Кина. Значајни промени се настанати во ланецот на прехрамбената индустрија, како резултат на промена на аграрната политика, промени во системот за тргување во насока на окрупнување и ефектуирање. Барањата на потрошувачите исто така се променети. За да одговорат на тие предизвици производителите треба да  осигураат потенцијал за брзи ефективни промени. 


Проф. др. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Кубеш и Рада

Кубеш и Рада

НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА - КАЈ НАС РЕТКО ВЕЌЕ КОЈ ЈА ИМА!

НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА - КАЈ НАС РЕТКО ВЕЌЕ КОЈ ЈА ИМА!

Русија - „Back in the USSR“

Русија - „Back in the USSR“

Полувековно другарство

Полувековно другарство