Конкурирајте за летна работа од соништата
Објавено во: 11 Јуни, 2014 20:44
Едно турско одморалиште со пет звезди бара од патниците кои сакаат да прават фотографии да се пријават за единствената летна работа - шеф на инстаграм профил.
Туристите така би можеле да поминат една недела во Hillside Beach Club во Fethye, Турција целосно бесплатно, а за возврат само треба да ја ажурираат страницата на социлајните мрежи на тоа одморалиште.
Хотелот кој е опишан како „рај на земјата“ сака туристите да се фотографираат на плажата или на лежалките и фотографиите да ги објавуваат на интернет.
Секако, пријавите за конкурсот можат да се поднесат по пат на Инстаграм.
Хотелот ги повикува луѓето да ги објават нивните најдобри фотографии од плажа на @hillsidebeachclub поточно на #jobatheavenonearth пред 15 јуни.
Шест најуспешни кандидати ќе добијат работа.Повеќе информации можете да најдете на Инстаграм профилот @hillsidebeachclub на #jobatheavenonearth.





