15 Декември, 2025
0.0374

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

КОНКУРС за избор и реизбор на постојните и нови предавачи, најпрво на неформалните обуки (специјализации)

Објавено во: Мои пари 30 Јануари, 2023 11:36

Добивај вести на Viber

Во текот на месец Февруари, 2023 година, управата од С.Р. Германија, под водство на проф. д-р Улрих Цајтел и членовитепроф. д-р Роналд Глејх, проф. д-р Мајк Шулц и д-р Брижит Спилман, во функција на Институтот Хајделберг во Скопје, а за цели на новата германска високообразована установа ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ - во кооптација со најстариот државен универзитет за дуални студии од Баден-Виртемберг (С.Р. Германија) ќе објави

КОНКУРС за избор и реизбор на постојните и нови предавачи, најпрво на неформалните обуки (специјализации) кои работат или ќе работат на институцијата, а потоа и на наставничкиот и наставно-научниот кадар за додипломските студии.

Ваквите постапки ќе бидат врз основа на Законот за високото образование на Р.С. Македонија и С.Р. Германија и Статутот на установата. Имено ќе реизберат / избираат повеќе од 50 предачи за неформалната едукација на факултетот, во областите на:

- банкарство;

- осигурување;

- финансии, сметководство и контролинг;

- информатички технологии;

- мехатроника; и

- дигитални и дизајн комуникации и сл.

Мисијата на „ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ“ е создавање на современи концепти на дуално додипломско и последипломско образование со карактер на стручни студии и поставување на нови професионални стандарди базирани во професијата бизнис администрација, компјутерски науки, со посебен осврт на: бизнис, финансии, податоци и компјутерски науки (сајбер безбедност и софтверско инженерство), мехатроника како и управување и дизајн на дигитални медиуми.

Нашата Визија е имплементација на оспособени стручни кадри во бизнис администрација и компјутерски науки преку формализирање на високото дуално стручно образование согласно меѓународните искуства, со посебен осврт на С.Р. Германија, како и интеграција на неформалната стручна сертификација за: финансии, банкарство, ИТ и дигиталните & дизајн комуникации и мехатроника (согласно препораките на Европската банкарска тренинг асоцијација, Европската алијанса за мали бизниси од Брисел и Стопанските комори во делот на формалното стручно образование). 

Плановите се уште од крајот на оваа година да се започне со двојна диплома, поточно со германска државна диплома и домашна - македонска. Една студиска програма за додипломски студии, а две дипломи (домашна диплома со 180 ЕКТС и државна диплома од СР Германија 210 ЕКТС). Понатаму, во С.Р. Германија, студентите ќе имаат можност да продолжат на мастер (теориски или практичен; Full / Part time) или на докторски студии.  Ова е така, затоа што зад факултетот во Скопје стои државен универзитет од С.Р. Германија.

Институтот, основан на 17.10.2017 година во Скопје им се заблагодарува на сите научно-истражувачки авторитет и од дома и С.Р. Германија, кои изминативе години несебично и искрено ја дадоа довербата и поддршката за Факултетот преку потпишани Изјави на Нотар, за цели на процесите на акредитација. Истите, вкупно на број 49 ќе бидат избрани во наставно-научни и наставнички звања, а дели редовно вработени во Хајделберг Факултет во Скопје во текот на годинава и сукцесивно понатака.

Можеби ќе ве интересира

ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите

ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство