23 Јули, 2024
0.0366

„КОНСТАТИРАН Е ХАОС И НЕГРИЖА ОД ПРЕТХОДНОТО РАКОВОДСТВО“: Тошковски вели работењето во управните служби треба да стане престиж

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска бил во посета на Одделот за граѓански работи каде се одржал работен состанок со помошник министерот Јован Алтанџиев, во врска со надлежностите од делокругот на Одделот.

Како што објави на неговиот фејсбук профил министерот Тошковски, генерално, констатиран е хаос и негрижа од претходното раководство, како во однос на граѓаните, така и во однос на вработените.

- Уште од првиот ден како министер потенцирав дека управните служби мора да бидат лицето на МВР и државата воопшто. Работењето таму мора да стане престиж, а не казна. Да биде чест да се работи во служба на граѓаните и брзо и ефикасно задоволување на нивните потреби со брзи и квалитетни услуги, напиша ресорниот министер на ФБ.

Во иднина, како што најави на ФБ, ќе иницира зголемување на платата на вработените, подобрување на работните услови во секоја канцеларија и на секој шалтер во државата.

- Конкретно утврдивме дека се стабилизира состојбата со издавањето на лични документи. Очекуваме за еден месец издавањето на документите да се врати во законските рокови. Ќе ги зголемиме капацитетите во делот на обработка на барањата за пасоши поднесени во ДКП, со цел македонската дијаспора што побрзо да добие патна исправа. Обезбедуваме нови количини обрасци за лични документи кои ќе ги задоволат потребите за наредниот период, напиша Тошковски.

Појасни дека термин за итна постапка се добива за еден ден, а за редовна постапка за најмногу 10 дена.

Според него, повеќе нема интерес за закажување на термини во пунктот Идризово и истиот, како што напиша на ФБ, ќе се затвори откако ја исполни својата цел со прием на околу 25 000 барања.

Министерот информира дека се отпочнува ревизија и контрола на работењето на комисиите надлежни за издавање на одобрение за набавување на оружје.

- Од една страна, оружје не смеат да поседуваат лица кои не ги исполнуваат законските услови. Од друга страна, констатирано е дека само од 2020 година наваму, 5800 барања не се решени. Во најбрз рок, после ревизијата на работењето, ќе изнајдеме решение и методологија за постапување по истите. Простор за корупција повеќе нема да има!, објави министерот за внатрешни работи.

Дополнително, особен фокус ќе биде ставен на Законот за оружје и Законот за промет на експлозивни материи за цивилна употреба во насока на усогласување со европската регулатива.

Во делот на сообраќајот и возилата, објави, затекната е ситуација со недостаток на референти во станиците за технички преглед со што се отежнува нивното работење. Една група на вработени веќе отпочна со обука, појасни Тошковски, со цел сите правни субјекти да бидат рамноправни на пазарот во најкраток рок.

На работната средба било разговарано и за состојбата со поднесените барања за државјанство на Македонците од Албанија кои од засега непознати причини со години не се решени.

- Ќе се иницира работна средба со претставници од здруженијата на Македонците со цел полесно да се канализира постапката. Во делот на азилот, согласно забелешките на Европската Комисија, ќе почнеме процес чија крајна цел ќе биде хартиените документи кои ги издава Секторот за азил, да бидат заменети со биометриски, објави министерот Тошковски на фејсбук. 


Можеби ќе ве интересира

„Останете така. ОЈО има работа. А, вие продолжете да измислувате“: Јанушев со остра реакција, и Тошковски негира поврзаност со обвинувањата од СДСМ

„Останете така. ОЈО има работа. А, вие продолжете да измислувате“: Јанушев со остра реакција, и Тошковски негира поврзаност со обвинувањата од СДСМ

ВЛАДАТА БАРА КАНДИДАТ ЗА ЧЛЕН ВО РКЕ: платата нема да биде за потценување, еве кои услови мора да се исполнат

ВЛАДАТА БАРА КАНДИДАТ ЗА ЧЛЕН ВО РКЕ: платата нема да биде за потценување, еве кои услови мора да се исполнат

САМО ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД СДСМ ПРИЈАВЕНИ ДА ДИСКУТИРААТ ЗА ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИ - денеска е точката за избор, опозицијата нема забелешки?

САМО ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ОД СДСМ ПРИЈАВЕНИ ДА ДИСКУТИРААТ ЗА ЗАМЕНИЦИТЕ МИНИСТРИ - денеска е точката за избор, опозицијата нема забелешки?

„ГЛЕДАМ КАКО РОДИТЕЛИ ЗАРАБОТУВААТ НА СВОИТЕ БОЛНИ ДЕЦА, НА ОДМОРИ ОДАТ СО ПАРИ МОЛЕНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕТЕ“: Д-р Лазаров со апел, да не се донира на лични сметки

„ГЛЕДАМ КАКО РОДИТЕЛИ ЗАРАБОТУВААТ НА СВОИТЕ БОЛНИ ДЕЦА, НА ОДМОРИ ОДАТ СО ПАРИ МОЛЕНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕТЕ“: Д-р Лазаров со апел, да не се донира на лични сметки

„Како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски?“: СДСМ со нови докази

„Како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски?“: СДСМ со нови докази

ЗАЕМ ОД 26,4 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕБОР ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МРЕЖАТА: ќе добиеме и грант од 7,6 милиони евра, еве ги деталите

ЗАЕМ ОД 26,4 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕБОР ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МРЕЖАТА: ќе добиеме и грант од 7,6 милиони евра, еве ги деталите

СО ПОЖАРИТЕ НЕ Е ЛЕСНО: Повреден командирот на штипската Територијална Противпожарна единица при гаснење на пожар

СО ПОЖАРИТЕ НЕ Е ЛЕСНО: Повреден командирот на штипската Територијална Противпожарна единица при гаснење на пожар

„ДАЛИ МУЦУНСКИ, ТОШКОВСКИ И МИСАЈЛОВСКИ ИСТО ТАКА ИМААТ ПРОБЛЕМИ СО КОЛЕНАТА“ - СДСМ прашува и дали премиерот Мицкоски го нема тој проблем кога се качува на Водно

„ДАЛИ МУЦУНСКИ, ТОШКОВСКИ И МИСАЈЛОВСКИ ИСТО ТАКА ИМААТ ПРОБЛЕМИ СО КОЛЕНАТА“ - СДСМ прашува и дали премиерот Мицкоски го нема тој проблем кога се качува на Водно

ВИДЕО: ДЕЈСТВО ОД ЗЕМЈА И ОД ВОЗДУХ СО ЕДЕН ХЕЛИКОПТЕР КАЈ ЈАСЕН: Се водат битки со огнот

ВИДЕО: ДЕЈСТВО ОД ЗЕМЈА И ОД ВОЗДУХ СО ЕДЕН ХЕЛИКОПТЕР КАЈ ЈАСЕН: Се водат битки со огнот