ГАРАНЦИЈА ЗА КРЕДИТ: Хотелот „Континентал“ ќе биде заложен во Комерцијална банка
Објавено во: Економија 04 Февруари, 2020 12:15
За кредит од 960 илјади евра во Комерцијална банка, компанијата „Интернешнл хотелс“ ќе го заложи хотелот „Континентал“ вреден околу 3,8 милиони евра. Компанијата соопшти преку берза дека до Собранието на акционери доставува предлог одлука за задолжувањето.
Одлуката мора да се донесе со одлука на акционерско собрание затоа што станува збор за зделка која надминува 50 отсто од книговодствената вредност на имотот на друштвото, или изнесува над 74 проценти од вредноста.
Станува збор за Рамковен револвинг кредит – лимит, вреден точно 960.000 евра.
Вкупната површина на залогот изнесува 17.135 квадратни метри и земјиште под и околу објектот со вкупна површина од 12.296 квадрати.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




