17 Мај, 2024
0.0340

Контра мерки: Косовските државјани за влез во Македонија ќе плаќаат давачки?

Објавено во: Економија 08 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Неколку можни сценарија, како одговор на косовското ембарго биле разгледувани од македонските министри на владина седница. Но, засега нема официјална информација за тоа како земјава ќе се справи со проблемот што го наметнаа косовските власти. Иако, според сознанијата на Фактор, мерките што евентуално би ги превземала земјава се веќе ставени на хартија, и само треба да се одлучи кои од нив ќе бидат воведени – сепак Македонија засега тактизира. Во тајност се држат евентуалните чекори што би можеле да ги повлечат институциите во земјава,  во случај денеска косовските власти да не ја повлечат одлуката за ембарго на увозот од Македонија. Со оглед дека Македонија има многу мал увоз од Косово, на владина седница копјата се кршеле околу тоа какви мерки да бидат превземени за да се возврати на ударот на Косово. Токму затоа, според сознанијата на Фактор, разгледувана била опцијата  да се воведат такси за сите косовски државјани за влез на територијата на Македонија. Но, освен за косовските државјани, било предложено дополнителни давачки да се наплаќаат и за секој автомобил, автобус, или камион. А, висината на давачките што Македонија би ги наплаќала дополнително би се утврдила, но според првичната идеја ќе се движат до 20 евра. Освен оваа - најверојатна опција, биле разгледани и уште неколку опции за воведување на нови царински давачки, кои ќе се однесуваат за увоз на производите од Косово. Дали земјава ќе ги воведе контрамерките за Косово и кога се уште не се знае. Македонските власти оставаат рок, косовските власти да се премислат за да се избегне трговска војна од која штета би имале и двете држави. Но, веќе е јасно дека ако тоа не се случи, Македонија нема да остане без одговор. Токму тоа го најави и премиерот Никола Груевски, кој пред два дена, кога ембаргото беше воведено изјави дека доколку ситуацијата не се промени, отворени се сите опции. Податоци за трговска размена меѓу Македонија и Косово Македонија во континуитет има трговски суфицит во размената со Косово. Сепак, бројките покажуваат дека од 2009 година до 2011 година трговската размена и извозот на Косово е во постојан пораст. Но веќе во во 2012 се забележува пад во трговската размана и извозот на македонските порозводи на косовскиот пазар. Падот во размената е очигледен и во првите седум месеци до годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година трговската размена меѓу двете земји изнесувала 324 милиони долари, од кои 314 милиони долари се извоз од Македонија во Косово, а близу 10 илјади долари се увоз од Косово во Македонија. Во 2010 година трговската размена е зголемена и изнесува 459 милиони долари, од кои 437 милиони долари се извоз на македонски производи на косовска територија, а 22 илјади долари се увоз на косовски производи во земјава. Најдобра година за извозот на Македонија на Косово е 2011. Тогаш на косовскиот пазар биле пласирани македонски производи за сума од 576 милиони долари. На македонскиот пазар пак биле увезени косовски производи во вредност од 36 илјади долари. Во 2012 година пак е забележан пад на трговската размена меѓу двте земји. Вкупната трговската размена е намалена за 156 милиони долари во однос на 2011 година. Односно, лани извозот на Македонија на Косово е намален за 148 милиони долари, а додека увозот на косовски производи во земјава е намален за околу 8 илјади долари. Намалената трговска размена е многу веројатна и годинава, ако се има во предвид дека само за првите седум месеци од годината вкупната трговска размена меѓу двете земји изнесува 176 милиони долари. Доколку и во следните месеци , до крајот на годината размената се одвива со исто темпо, кое дополнително е под притисок на ембаргото – многу е веројатно дека вкупната трговска размена меѓу двет земји годинава ќе се врати на ниво како од пред четири години. Еве како се движела размената по години Според податоците на Државниот завод за статистика, во вкупната трговска размена што Македонија ја има со останатите земји, трговската размена со Косово учествува со четири до пет проценти, зависно од годината. „Во 2009 година изнесувала 4,2%, во 2010 година била 5,2%, во 2011 година изнесувала 5,0% а, во 2012 година се намалила на 4%.  2013 година во првите седум месеци, размената со Косово учествува со 2,9%  во вкупната размена на Македонија со останатите земји. Во вкупниот извоз што Македонија го прави во останатите земји, извозот на Косово учествува со десет до тринаесет проценти, зависно од годината. „Односно, во 2009 година, извозот на косовскиот пазар учествувал со 11,6% во структурата на вкупниот извоз. Во 2010 година тој процент изнесува 13,1%, а во 2011 година изнесува 12,1% . Додека во 2012 година има намалување, па извозот на Косово учествува со 9,8% во вкупниот извоз што Македонија го прави во останатите земји. Во првите седум месеци од годинава пак, учеството на извзот на косовскиот пазар во вкупниот извоз е 6,6%. Во однос на увозот на што Македнија го прави од Косово, учеството на тој увоз во вкупниот увоз на државата од останатите земји учествува со 0,2% до 0,5%.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија