18 Мај, 2024
0.0274

КОНТРА ТРАМП: ЕП се подготвува за враќање на визите за Американци

Објавено во: Свет 02 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Европскиот парламент усвои резолуција со која ја повика Европската комисија да препорача враќање на визите за граѓаните на САД. Комисијата треба да ја подготви Препораката во рок од два месеци. Потоа препораката може да биде потврдена или отфрлена од Советот на ЕУ и од европратениците.

Ако одлуката помине успешно сите процедури, визите за граѓаните на САД ќе бидат вратени за период од една година.

Според ЕК тоа би довело до економски загуби за ЕУ ​​од скоро 7 милијарди евра и привремената загуба на 140 илјади работни места.

Резолуцијата на ЕП е предизвикана од тоа дека САД се уште бараат визи за граѓаните на Бугарија, Романија, Полска, Хрватска и Кипар.

Европратениците забележуваат дека земјите од ЕУ немаат право по своја одлука да воведат визи за државјани на земји надвор од Заедницата. Дополнуваат дека пред четири години ЕУ усвои закон кој предвидува одговор како израз на емпатија, ако надворешна држава за ЕУ ​​бара визи за граѓаните на барем една држава од Заедницата.

Се забележува дека овој механизам и дава право на ЕУ да ги врати визите за сите граѓани на САД, без разлика дали патуваат до ЕУ како туристи, или со службена, вклучувајќи дипломатска цел. ЕП има предвид дека враќањето на визите ќе создаде тешкотии за билатералните односи и за системот Шенген.

По механизмот за визен реципроцитет, ако трета страна не го повлече барањето за виза во рок од 24 месеци од приемот на известувањето за недостатокот на реципроцитет, ЕК треба да го прифати делегираниот акт за суспензија на безвизниот режим за граѓаните на соодветната страна за период од 12 месеци. ЕП и Советот на ЕУ можат да приговораат на таков чин.

По известувањето за недостатокот на реципроцитет од 12 април 2014 година, Комисијата требаше да реагира пред 12 април 2016 година покрај повторените повици од страна на европратеници, таа сеуште не презела никакви законски мерки, забележуваат од прес канцеларијата на ЕП во Софија.

Канада исто така бара визи од граѓаните на Бугарија и Романија, но веќе најави дека овие барања ќе бидат симнати од 1 декември 2017 година.

Во април 2014 година, Европската комисија беше известена дека пет земји не ги исполнуваат своите обврски кон ЕУ во однос на реципроцитет на безвизниот режим: Австралија, Брунеи, Канада, Јапонија и САД.

Австралија, Брунеи и Јапонија веќе ги откажаа визите за сите граѓани на ЕУ, а Канада ќе го стори тоа во декември.

Можеби ќе ве интересира

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин