19 Декември, 2025
0.2421

Контроверзната „2 СС“ е доверител во стечајот на „Соравиа“

Објавено во: Економија 01 Август, 2025 13:01

Добивај вести на Viber

Контроверзната фирма „2 СС“ од Кичево, инаку блиска до ДУИ, е еден од доверителите во отворената стечајна постапка над деловниот центар „Соравиа“ во центарот на Скопје. Името на оваа агенција за обезбедување се најде во Одборот на доверители одобрен од Основниот граѓански суд Скопје за „Соравиа Инвест - во стечај“ како стечаен должник. Останати доверители во одборот се сметководственото биро од Тетово - А-З Консалтинг и Управата за јавни приходи.

На почетокот на април годинава, деловниот центар „Соравиа“ во строгиот центар на Скопје, влезе во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата што го поседува атрактивниот објект – „Соравиа Инвест“. Беше ставен на продажба од страна на извршител, по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра. Притоа, почетната вредност на недвижноста, утврдена со заклучок на извршителот, изнесуваше околу 22,4 милиони евра, но продажбата не се реализираше. Во меѓувреме во борбата да се спаси што е можно поголем дел од вредноста на имотот, Основниот суд Скопје 2 на 8-ми мај годинава донесе решение за поведување стечајна постапка над „Соравиа Инвест“ на барање на „Тхор Индустрис“ на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети,лидерот на ДУИ.

„2 СС“ преку медиумите „се прослави“ лани во јануари по инцидентот во „Македонски навигации“ како првата приватна компанија која го чува М-НАВ, со добиени два тендери по ред, во 23-тата и 24-тата година како единствени понудувачи, а при тоа за обезбедувањето на „Контролата на летови“ се грижи и полицијата.

Кичевската 2 СС е компанија чиј клиент била и Државна лотарија. Склучени се повеќе договори додека директор беше Перпарим Бајрами, кој воедно беше ипоранешен шеф на кабинетот на Артан Груби од ДУИ. Моментално и Груби и Бајрами се во бегство и недостапни за органите на прогонот. 

Агенцијата за електронски комуникации искеширала 306 илјади евра за обезбедување на четири објекти за една година на оваа компанија, додека потписи на овој договорот ставиле директорот на ДУИ Јетон Акику и Џемал Билбиловски, управителот на 2 СС. 

Податоците на Електронскиот систем за јавни набавки покажуваат дека низ годините како клиенти на фирмата 2 СС се јавуваат и Фонд за здравствено осигурување, Археолошки музеј, Здравствен дом Кичево, ТИРЗ Кичево, Клиника за геникологија, скопската болница 8-ми септември и други.

Сопственикот Џемал Билбиловски заврши во притвор под соменевања за злоупотреба на јавен тендер и оштетување на буџетот на јавното претпријатие „Државни патишта“ за скоро 47 милиони денари, поради тоа што не биле целосно обезбедувани наплатните станици за патарина во три смени.

Во моментов Билбиловски се води како сопственик на „2 СС“, а директорка е Сибел Туфекџи, која стана советничка на Општина Кичево на предлог на ДУИ.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии