17 Мај, 2024
0.0268

КОНТРОВЕРЗНИ ПРОЕКТИ: Што ни остава Ставрески во наследство?

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Во изминатите девет години како дел од економскиот тим на владејачката ВМРО ДПМНЕ, прво како вицепремиер за економски прашања, а потоа како министер за финансии, Зоран Ставрески, беше еден од клучните креатори на економската политика на Владата. Од 2009 кога дојде на позицијата министер за финансии, Ставрески лансираше неколку проекти, мерки и инвестиции. Дел од онив сеуште траат, дел доживеаја фијаско. Обид за продажба на ТЕЦ Неготино Во 2007 година Владата се обиде да го продаде ТЕЦ Неготино. Прво се објави одлука дека канадскиот мултинационален конзорциум  „Хач“ е победник на тендерот, кој во јавноста важеше за непознат и мистериозен понудувач. Продажбата на неготинската централа отвори многу сомнежи, дали ТЕЦ „Неготино“ го купува конзорциумот „Хач“ или непозната бугарска фирма „Finance Engineering“.За случајот се заинтересираа Вашингтон, ЕБОР и Меѓународната финансиска институција. Власта ги убедуваше дека се е чисто. А во меѓувреме, дојде до судир на релација Ставревски- Вера Рафајловска (тогашна министерка за економија) за тоа кој ги има одговорите за продажбата на централата. Топката ја смируваше премиерот Груевски. Владата заработи тужба од вторангираната грчко-американска компанија „Сенкап“, која тврдеше дека има подобра понуда на тендерот. Сето ова продажбата на неготинската централа ја стави прва на листата најматен настан, што ја прават медиумите. tec' Во јавноста излезе информација дека токму Ставрески (кој тогаш беше вицепремиер за економски прашања) пред тендерот го контактирала амбасадата на САД кој што истовремено бил назначен и како главен на тендерската комисија за централата, за да му нагласат дека бидејќи еден од учесниците на тендерот е и реномирана американска копманија, процесот да биде фер и пред се траснпарентен. Иако Ставревски ги уверил дека ќе биде така, на 1 август 2007 година, објави дека победник на тендерот е конзорциум од 4 компании предводен од сомнителната компанија „Finance Engineering од Бугарија“. По жалбите на американската компанија, Ставрески и Рафајловска биле повикани на разговор во американската амбасада. Ставрески изјавил дека не постои можност за жалба, а Рафајловска донесла одлука за раскинување на договорот. Тогаш Владата комплетно го поништи тендерот, без при тоа да даде можност на вторангираниот, а инвестицијата не се реализираше. Остана непознато што се криеше зад сомнителната компанија „Finance Engineering од Бугарија“. Опозициската СДСМ тогаш побара Владата да го разреши Ставрески, нарекувајќи го  креатор на криминалната продажба на ТЕЦ „Неготино“. „Купи куќа, купи стан“- реален или нереален сон? Кон крајот на 2011 година Ставрески го промовираше проектот „Купи куќа купи стан“. Тогаш тој изјави дека со овој проект се отвора можност околу 2.500 граѓани да си го исполнат сонот за сопствен дом. Освен можноста за сопствен стан, една од целите на овој проект беше и зголемување на интересот на инвеститорите за изградба на нови станбени објекти, а со зголемување на понудата на станови да се намали цената на становите. „Денеска е голем ден за мене како министер кој ставил потпис на еден суштински проект. Но уште поубаво се чувствувам како човек, знаејќи дека со него директно ќе придонесеме за подобар живот на илјадници граѓани на Република Македонија, изјави министерот Ставрески по потпишувањето на договорот, на кој гледа како можност за 2.000 до 2.500 граѓани, односно семејства да ја почувствуват топлината на сопствениот дом. Оваа можност ќе придонесе за обезбедување работа за градежниците, поттикнување на градежништвото, а со тоа и на економијата во целост“, изјави на 23 декември 2011, Ставрски. kupi-kukja Реализацијата почна во 2012 година. Во проектот се вклучија дел од комерцијалните банки, а градежните компании уште на старт имаа забелешки. Граѓаните имаа забелешки во однос на рокот за отплата и каматата на субвенционираните станбени кредити.Токму поради овие причини интересот за проектот беше слаб. Како клучни проблеми се наведоа високата цена на становите и нискиот животен стандард на граѓаните. По една година од воведувањето на проектот, се одобрија само 110 кредити, од кои Владата субвенционираше 640 илјади евра. За споредба, во Србија, субвенционираните станбени кредити доживеаја висински бум за кратко време, а придонесоа и за развојот на пазарот на недвижности. Таму само за една година, банките одобрија 900 субвенционирани кредити. Градежниците побараа со јавно приватно партнерство да се градат станови што ќе се продаваат по пониска цена. Во обид да го спаси проектот, Ставрески направи неколку измени на Законот за субвенционирање на станбен кредит. Се продолжуваше рокот на негова важност, се овозможи порана предвремена отплата, се зголеми учеството на Владата во месечната рата за отплата на кредитот. Во 2014 година се воведоа поволности во однос на приходите  со кои треба да располагаат граѓаните за да аплицираат и друго.Се оорганизраа каравни и саеми низ цела Македонија, кои сеуште траат. Според последните податоци за четери години околу 600 семејства земале стан преку овој проект, бројка која е далеку помала од онаа од околу 2.500 граѓани, што ја најави поранешниот министер за финансии на почетокот на проектот. Државата помогнала со 3,5 милиони евра субвенции. Вкупниот државниот фонд за оваа намена  беше најавен во износ од 7,5 милиони евра. Субрата Рој- го најави помпезно, се сликаа, ама останаа само сликите Пред три години Ставрески како дел од економскиот тим на владејачката ВМРО ДПМНЕ ја најави инвестицијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој. Ја претстави како најголема и клучна инвестиција пред се за земјоделството, а крајно и за целата економија. Индиецот Рој беше пречекан лично од Ставрески, со сите почести. Владата потпиша договор со Рој и му го додели земјиштето од пропаднатиот агрокомбинат Џумајлија. Дополнително Рој најави и туристички комлекс во Охрид, но и споменик на Мајка Тереза на плоштадот Македонија во Скопје. Ставрески и Рој се шетаа во Охрид, во Скопје, па дури и првата бразда на земјиштето во Џумајлија, качен на трактор ја изора Ставрески. А Рој требаше да инвестира 211 милиони евра во рок од четери години. subrata_roj_ И додека Рој во матичната земја беше обвинет за перење пари, Ставрески и неговите сопартијци до последно уверуваа дека се е во ред со инвестицијата. Но на крајот Рој заврши во затвор во Индија, од каде што излезе деновиве. А освен првата бразда изорана свечено во присуство на високи владини функционери, ни педа од земјиштето во Џумајлија не се обработи, не се донесоа ниту најавените 20.000 крави, не се изгради ниту туристичкиот комлекс и споменикот на Мајка Тереза. Крупната инвестиција пропадна, а остана нејасно колку ја чинеа Владата роуд шоуата, организирањето забави, доаѓањето на поранешниот премиер на Британија Тони Блер, патувањата во Индија, вечерите шетањето со брод во Охрид. Дуплиран јавен долг На прес-конференциите кога и да беше прашан за растот на јавниот долг, Ставрески имаше секогаш ист одговор „Македонија е најниско задолжена земја во Европа“. Но токму во изминатите девет години односно од 2008 година вкупниот јавне долг е дуплиран, од 23 отсто од бруто-домашниот производ во 2008 година, во првиот квартал од годинава достигна 45 отсто од БДП или 4,3 милјарди евра. А во овие податоци не се вклучени достасаните, а неисплатени обврски кон приватните компании, кои  треба да се дел од буџетскиот дефицит, а со тоа и од долгот.Фирмите постојано ја посочуваа државата како најголем должник, обвинувајќи дека не можат да си ги наплатат побарувањата од државните институции. Точната сума колку државата им должи на компаниите останува тајна. dolgovi-rast-480x303 Дополнително тука се и доцнењата во исплатите по основа на ДДВ, обрските кон градежни и други компании и социјалните трансфери, а не е искажан и долгот на општините, ниту долгот на јавните претпријатија за кој Владата не дала гаранција, не е вклучен вкупниот долг на компаниите во кои државата има удел од над 50% сопственост, ниту долгот на НБРМ. Додека беше министер за финансии, одобри три задолжувања на странскиот пазар со еврообврзници. Сега по информациите за ново задолжување на странскиот пазар, пред  да ја поднесе оставката, не потврди дали ќе емитуваме нова еврообврзница. Во изминатите години не запреа и редовните задолжувања на домашниот пазар, кои често пати беа повисоки од првично најавените. Се отпишуваа долгови Кон средината на 2014 година Ставрески најави нова мерка- отпис на заостанатите долгови по основ на кредитни картички, негативни салда и комунални сметки, сметки за радиодифузија за социјално ранливите семејства. Ставрески најави дека мерката за отпис на долгови ќе опфати 50.000 до 100.000 граѓани. Заклучно со рокот според информациите аплицирале околу 42 илајди граѓани. Комплетно отписот заврши кон крајот на ланската година. Тогаш поранешниот премиер Никола Груевски изјави дека се отпишани долгови во вредност од 30 милиони евра. Во времето на Ставрески се намали невработеноста Како позитивен резултат на Ставрески му се препишува намалувањето на стапката на невработеност од над 30 отсто на 24, 5 проценти. За време на светската економска криза фирмите ги  ослободи  од обврската за плаќање данок на нераспределената добивка. Додека беше на позицијата на министер за финансии  се донесе закон за минимална плата која од годинава од 8.800 денари во 2014 година, оваа година се зголеми на 10.080 денари. porast При тоа се зголеми и просечната нето плата, пензиите и социјалните трансфери. Од неговата партија вчера во реакцијата до опозициската СДСМ, напишаа дека Ставрески е дел од економскиот тим кој во Македонија донесол повеќе од 50 директни странски инвестиции кои резултираа со илјадници работни места, но и дека може да се пофали со придонес кон отворање на повеќе од 150.000 нови работни места. Т.С  

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија