03 Мај, 2024
0.0260

Копач: Нафтените резерви се намалуваат, државата што побрзо да им плаќа на компаниите

Објавено во: Економија 13 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Државата ќе треба во следните месеци да го затвори прашањето со плаќањето на надоместокот кон нафтените компании кои ги чуваат државните резерви на нафта, рече денеска Јанез Копач, директорот на Секретаријатот на Европската енергетската заедница кој беше на собраниската Комисија за економски прашања во македонското собрание. Тие и претходно сугерираа дека ова прашање треба да се реши. Копач вели дека останува отворено и дека примената на Директивата за нафтени резерви постојано се одложува. Сепак вели дека добиле уверување од Владата дека подзаконските акти набрзо ќе се донесат. 

Нивото на нафтените резерви во Македонија кое беше највисоко во целата енергетска заедница се намали, а причината се нерешените односи помеѓу сопствениците на нафтени резерви, ОКТА, Макпетрол и државата, и по четири  години од усвојувањето на Законот. Но, добивме уверување од Владата  дека  во следните месеци овој спор ќе биде решен, а тоа мора да биде направено со усвојување на подзаконски акти кои ќе наметнат цена на надоместот за сопствениците кои ги чуваат нафтените резерви, истакна Копач.

Нафтените компании воз емјава, Окта, Лукоил и Макпетрол од поодамна бараат да им с еплаќа надомест за тоа што ги чуваат државните резерви на нафта. Фактор веќе пишуваше дека Македонија е единствена земја во која не се плаќа компензацијата, туку со посебна уредба чуварите може да користат 30 отсто од резервите. Во моментов во Министерството за финансии има работна група која работи на подзаконските акти и како што веќе објавивме се договара цената. Владата, според наши сознанија преговара надоместокот да биде што помал. 

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите