18 Мај, 2024
0.0355

Корелацијата помеѓу успехот во кариерата и физичката активност

Објавено во: Стил 18 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Нема никаква мистерија кај успешните луѓе за постоењето на директната врска помеѓу здравиот живот и физичката активност и успехот во нивната кариера и личниот живот. Но, доколку би анализирале некоја успешна личност би увиделе дека тие постојано се дел од некој фитнес клуб, тренираат со личен тренер или наутро пред да го започнат денот одвојуваат пола час за кратка физичка активност.   Успешните луѓе во изобилство сакаат енергично да го започнат својот ден и уживаат во позитивната енергија која е присутна благодарение на хормоните кој се лачат при физичката активност. При секоја физичка активност се супресира кортизолот (стрес хормон) кој е главен виновник за ослабнување на имунолошкиот систем, ја зголемува склоноста кон инфекции и повреди, го намалува нагонот за секс, го успорува регенерирањето на мускулното ткиво, го намалува лачењето на тестостеронот, инсулинот и кога е во големи количини влијае деструктивно врз нашиот организам. Всушност сите ние знаеме дека една сесија спортска активност може да направи да се чувствуваме навистина добро. Вежбањето го зголемува лачењето на серотинин и ендофрин (хормони на среќата) кој позитивно влијаат на нашето расположение и можат да ви помогнат подобро да ги издржите вашите стресни работни денови. Дури и кратки тренинзи можат да направат вашето тело да ослободи голема количина на позитивни хормони кој можат позитивно да влијаат на вашата работа. Постојат научни студии кои ја потврдуваат поврзаноста помеѓу фитнесот и успешноста на поединецот. Подобрен фокус, зголемена самодоверба, добро расположение и одлични нивоа на позитивна енергија? Не е изненадувачки што работниците со здрави животни навики покажуваат значително поголема успешност во работата споредбено со оние кои не тренираат. Луѓето кои се занимаваат со фитнес стекнуваат и навики да конзумираат здрава храна со што го зајакнуваат имуниот систем и пропуштаат помалку денови на работа поради поголема отпорност на болести, што во денешно време многу се цени. Како што конкуренцијата постојано се зголемува во секоја индустрија, компаниите сега ги наградуваат вработените и менаџерите кои се редовни и не отсуствуваат, а придонесуваат повеќе за компанијата. За сето тоа да се постигне потребно е да се направат три до четири тренинг сесии неделно по 30-45 минути. Комбинацијата од тренинг со тежини и кардио справи, проследена со добар нутриционистички план ќе ви го разбистри умот, ќе ви ја зголеми продуктивноста, ќе ви го промени вашето расположение, подобро ќе се справувате со секојдневните стресови и едноставно ќе се чувствувате одлично. Како што ќе напредувате во сферата на фитнесот, ќе бидете поуспешни и паралелно ќе напредувате и со Вашата кариера.  

Автор: Волчинов Стефан

Персонален тренер и фитнес инструктор

во Хотел ТЦЦ Плаза - Скопје