20 Декември, 2025
0.0544

Корисни совети при купување на нов дом

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2023 08:50

Добивај вести на Viber

Една од најголемите животни инвестиции е купувањето имот, стан или куќа - идниот дом за себе и за своето семејство. Оваа одлука не треба да биде избрзана, односно треба да е однапред добро осмислена.

Дејан Доксимовски, Раководител на Сектор за станбени и хипотекарни кредити во Дирекција Банкарство за население во УНИБанка, Ве советува за приоритетите по кои треба да се водите низ процесот што се важни за Вас и Вашето семејство. 

Тука откриваме што е потребно да се знае при купување на нов дом. Ако не сте размислувале сериозно за овие фактори, сега е Вашата шанса. Да се ​​биде во “нов дом создава чувство на безбедност и задоволство кое е од суштинско значење за секое семејство и поединец.

Што е важно да знаеме кога купуваме куќа или стан?

·  Изберете локација која ќе Ви се допадне

  За некого е важно живеалиштето да е во централното градско подрачје, други сакаат да биде на периферија од градот, на трети им е важна близина на автобуска станица, аеродром, училиште, градинка, амбуланта и сл. Поради тоа, добро размислете која е локацијата што идеално би се вклопила во Вашиот стил на живот.

При купување имот важно е да бидете отворени за сите можности и добро да го истражите теренот и што се нуди на него. Немојте да се ограничувате само на еден стан. Изберете неколку потенцијално добри живеалишта.

·  Одредете го максималниот износ кој можете да си го дозволите

  Одредете го максималниот износ кој можете да си го дозволите, односно треба да знаете до колкав износ на купопродажна цена може да се движи Вашето барање во согласност со Вашите можности.

Одредете ја висината на средства кои можете сами да ги вложите (сопствено учество), бидејќи од тој износ ќе зависи висината на средствата од кредит.

Доколку не поседувате средства кои би можеле да ги вложите како сопствено учество, размислете за имот кој би го заложиле како дополнително обезбедување за бараниот кредит.

·  Остварете информативен контакт со банката

  Препорачуваме да се направи првичен контакт со некој од вработените во мрежата на експозитури на банката со цел да ги добиете сите неопходни информации за условите на станбениот кредит. Условите кои влијаат на изборот кој ќе го направите се: каматната стапка, рокот, износот на сопственото учество, пресметките што би одговарале на вашиот семеен буџет и слично. Исто така, важно е да добиете и точна информација за трошоците кои произлегуваат при одобрување на кредитот и дополнителните трошоци, како што се нотарски трошоци и сите останати трошоци кои произлегуваат при склучување на купопродажен договор за посакуваниот имот. 

  УНИБанка може да Ви помогне во изборот со личен проценител на имотот во кој сакате да инвестирате.

  Доколку се согласите со понудените услови, ќе ја добиете потребната докумeнтација од банката со понатамошни инструкции, а низ целиот процес комплетно ќе Ве води некој од нашите искусни лица кои се задолжени за кредитирање на населението поточно за станбени кредити.

·  Квадратурата (сепак) не е важна

  Секогаш имајте на ум дека структурата на станот често е поважна од самата квадратура, бидејќи не секогаш посакуваната квадратура значи и добар распоред на станот. Со добар и функционален распоред секое семејство може да си направи дом во кој ќе се чувствува удобно.

·  Стар или нов стан?

  Честа дилема која се јавува при купување на стан е дали да се одбере стар или нов стан, а секако и двата избори имаат свои предности и недостатоци.

  Доколку сте одлучни за нов стан или стан во градба, задолжитено е потребно истражување на точни информации за градежната компанија, нејзиниот статус и бонитет со цел да се процени за каква компанија станува збор.

·  На што да треба да се внимава?

  Сите ние при купување на нов дом највеќе се фокусираме на квалитетот и удобноста на домот, но неретко го забораваме делот од купопродажбата кој е круцијален во процесот.
  Откако ќе одберете стан, продавачот Ви нуди преддоговор и договор за купоподажба кои им даваат сигурност на двете страни дека договорот ќе биде исполнет. 

Важни работи кои Вие како купувач треба да ги проверите се, дозвола за градба, да се осигурате дека предметниот стан не е заложен, да утврдите дека не постојат други законски пречки за пренесување на недвижноста, како и начинот на кои се составени договорот и преддоговорот.  Поради оваа причина купувањето на стан или куќа со помош на станбен кредит од УНИБанка е најдобрата опција, бидејќи и ние како банка ќе ги извршиме сите потребни правни проверки во насока на сигурност на клиентот и банката.

·  Соработка со ORYX Assistance.

Од оваа година, поточно започнувајќи од 01.04.2023 година, УНИБанка на своите клиенти, баратели на станбен кредит, промотивно до 30.06.2023 година им овозможува едногодишно бесплатно користење на услугата Мајстор дома  - ORYX Assistance. Оваа услуга вклучува организација и покривање на трошоците на итната интервенција и доаѓање на сервис (водоинсталатер, електричар, бравар , столар и стаклар) до 3 пати во годината и лимит од 15,000.00 МКД  годишно, достапна 24 часа дневно, 365 дена во годината на подрачјето на цела држава.

·  Кој може да користи станбен кредит? 

  Секое кредитоспособно лице со возраст од минимум 18 години до максимално 70 години, вклучувајќи го периодот за отплата на кредитот.

·  Сигурно ве интересира која е висината на каматната стапка? 

  УНИБанка е секогаш на пазарот со најатрактивни услови, со фиксна каматна стапка за примателите на плата во нашата банка, но атрактивни се условите и за сите останати клиенти кои се заинтересирани за станбен кредит. Ние покрај тоа што нудиме најдолг рок за отплата, до 35 години, нудиме и грејс период до 12 месеци.

·  Кое е минималното учество за станбен кредит? 

  Висината на минималното учество зависи од вредноста и видот на недвижниот имот што се заложува под хипотека.Учеството/капарот се плаќа на продавачот на имотот и истото мора да биде наведено во преддоговорот за купување на недвижниот имот. Во овој случај капарот се прифаќа како учество. Но како што напоменав и претходно, УНИБанка за граѓаните нуди и станбен кредит без сопствено учество.

·  Дали е можна предвремена отплата на кредитот? 

  Секако дека постои можност за предвремена отплата со 0% провизија кога измирувањето е со Ваши сопствени средства.

·  Не бирајте само кредит туку бирајте и банка – УНИБанка, Твојата банка

  Со банката почнувате децениски деловен однос и затоа при изборот на ратата за кредитот, со исто внимание оценете ја традицијата и начинот на работа на самата банка. Тука сме за Вас со најатрактивни услови: рок на отплата и типот на каматната стапка за отплата на кредитот, како и безбедноста и квалитетот на услугите кои се нудат од наша страна.

Во 2018 година УНИБанка АД Скопје беше меѓу првите банки во државата која им овозможи на граѓаните купување на станбен простор со најниска фиксна каматна стапка за првите 10 години, која сеуште остана конкурентна на банкарскиот пазар.

Станбен кредит е секогаш одлична опција бидејќи претставува еден вид на штедење, само во спротивен правец - Вие инвестирате во својата иднина, а со тоа добивате моментално уживање во Вашиот дом.

Како тогаш така и сега, УНИБанка за да излезе во пресрет на граѓаните, има склучено соработка со градежни компании од кои при одобрување на кредит се прифаќа хипотека со лист за предбележување за станови во градба, со можност за 100% финансирање односно без сопствено учество на купувачите.

Предноста во купување на стан во градба е голема поради тоа што секој купувач може да одбере стан согласно потребите.

  Вработените на УНИБанка во широката мрежа на експозитури максимално се посветени за наоѓање на најдобрите решенија за потребите и желбите на нашите клиенти!

Како банка Ве покануваме да бидете дел од ОТВОРЕНИОТ ДЕН на 13.05.2023 во експозитура во трговскиот центар East Gate, лоцирана на КАТ 1 која е со работно  време од 10:00 до 21:00 часот, од понеделник до сабота.

На отворениот ден ќе имате можност да бидете дел од информативен разговор, директно со тимот на банката, и да дознаете повеќе за Станбените кредити како и можноста да аплицирате веднаш без административен трошок.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии