04 Мај, 2024
0.0244

Корисник: Со Samsung Galaxy S8 постојано сум достапен

Објавено во: Економија 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Фактор продолжува со анализата на Samsung Galaxy S8 и S8 + моделите кои самите корисници ги издвоија како едни од најдобрите бизнис „смартфони“ бидејќи имаат супер моќен процесор кој екстра брзо и навремено ќе ги заврши сите операции, а со одличниот хардвер ќе може да активирате бројни апликации и да вршите мултитаскинг на напредно ниво со врвна софтверска оптимизација. Samsung Galaxy S8 има доволно голем дисплеј со неверојатна слика, фантастична комбинација на предна и задна камера и секако батерија која брзо се полни. Затоа проследете го следното сведоштво од корисник Samsung Galaxy S8 и можеби тоа ќе биде доволно за да утврдите дали овој телефон одговара на вашите потреби, кои се неговите најсилни страни и што можеби нема да ви се допадне.

Фактор: Како ви се допаѓа новиот изглед на Samsung Galaxy S8 со неговиот голем екран но, многу компактно тело со минимална рамка?

Корисник: Супер е! Одлично лежи на рака, а целото корисничко искуство е дополнително збогатено со infinity екранот.

Фактор: Што би издвоиле најмногу од софтверот на Samsung Galaxy S8, кои апликации најмногу ги користите?

Корисник: Дефинитивно највеќе го користам мејлот. Позитивно сум изненаден од камерата од 12мп, авто-фокусот и фотографиите кои може да се направат со уредот, што се покажа како многу корисно за “уловување“ на многу моменти.

Фактор: Дали го користите Samsung Galaxy S8 за професионални потреби, како проверка и испраќање мејлови, креирање планови и белешки, користење на календарот за обележување на обврските и поврзување со вашите колеги или соработници?

Корисник: Да. Најважно од било кој мобилен уред ми е секогаш да бидам достапен, да можам да одговорам на повик, меил, порака во најкус можен рок. С8 во тој поглед си ја завршува својата улога во најдобар можен ред.

Фактор: Издржливоста на батеријата е приоритет за сите модерни корисници кои „зависат“ од својот телефон. Какво е вашето искуство со полнењето на Galaxy S8?

Корисник: Со оглед на издржливоста на батериите на останатите уреди кои ги имам користено, батеријата на С8 можам да кажам дека има солидна издржливост, а голема предност е тоа што истата се полни доста брзо. Најчесто, максимално го користам уредот во текот на денот и можам да кажам дека не сум имал никаков проблем со батеријата, траела околу 24 часа. Досега сèуште не ми се случило неочекувано да ми се изгаси уредот поради испразнета батерија.

Фактор: Колку често ја користите камерата на Samsung Galaxy S8 и дали сте задоволни од селфи фотките?

Корисник: Повеќе ја користам задната камера, но сепак како секој млад човек, важно ми е и предната камера да е супер. Она што ме изненади кога го купив телефонот и ја направив првата селфи фотографија беше фактот дека благодарение на квалитетот на истата успеав да видам многу детали на фотографијата. Неверојатно!

Фактор: Освен за професионални задачи за што друго Samsung Galaxy S8 најмногу ве воодушеви?

Корисник: Ми се допаѓа што заедно со овој уред се и АКГ слушалките за кои морам да кажам дека се незаменливи. Исто така, камерата функционира беспрекорно без разлика на средината во која се наоѓа, а снимките направени под вода се одлични. Последно, но и најважно, уредот има супер брз процесор и добра графика.

Фактор: Дадете ни некој ваш совет за подобро и поефикасно користење на Samsung Galaxy S8?

Корисник: Галакси С8 е уред кој дефинитивно вреди да се има. Најважно од се, пред да почнете да го користите истражете ги неговите опции и прилагодете го на себе онака како вам највеќе ви одговара. На овој начин ќе го добиете најдоброто корисничко искуство кое досега некој мобилен уред ви го овозможил.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски