Корисник за Samsung Galaxy S8 Plus: Личен асистент кој го имате со вас 24/7
Објавено во: Економија 18 Јули, 2017 08:20
Samsung Mobile годинава својот удел во сегментот на големи смартфон кои популарно се нарекуваат фаблети го пополни со неверојатниот Samsung Galaxy S8 Plus кој успешно го замени фаблетот Galaxy Note 7. Затоа корисниците одлично изреагираа на Samsung Galaxy S8 Plus кој иако има буквално огромен екран е изработен многу прецизно и ефикасно па со целосната искористеност на предната површина ќе добиете впечаток дека уредот е за неколку сантиметри помал од што изгледа. Огромните телефони секако, не се за секого. Со фаблетите најпрепорачливо е да завршувате голем дел од вашите секојдневни професионални задачи како и да гледате HD видеа, па дури и филмови на пример при некое патување. Затоа Фактор реши да направи истражување директно со корисниците на Samsung Galaxy S8 Plus кои ги пренесоа нивните сведоштва од тоа колку се задоволни од овој супер моќен мега фаблет.

Фактор: Како ви се допаѓа новиот изглед на Самсунг Галакси С8 Плус со неговиот голем екран но, многу компактно тело со минимална рамка?
Корисник: Одличен е, ми требаше малку време да се навикнам дека нема класично “Home“ копче.
Фактор: Што би издвоиле најмногу од софтверот на Самсунг Галакси С8 Плус, кои апликации најмногу ги користите?
Корисник: Овој мобилен уред нуди одлични можности без разлика на вашите интереси и потреби. Сепак, лично мене најважно ми е секогаш да навремено да го проверам својот меил и навремено да одговорам на пристигнатите. Можам да кажам дека дефинитивно највеќе ја користам апликацијата за е-маил.

Фактор: Дали го користите Самсунг Галакси С8 Плус за професионални потреби, како проверка и испраќање мејлови, креирање планови и белешки, користење на календарот за обележување на обврските и поврзување со вашите колеги или соработници?
Корисник: Мобилниот уред за мене е најважен за организирање на моето секојдневие, контактирање со колегите и клиентите и секако, по потреба дури и работење на истиот. Она што навистина ми се допаѓа кај Галакси С8 Плус е тоа што без разлика каде се наоѓам, секогаш сум во можност да направам корекции на некој документ, да испратам меил или пак едноставно да се координирам со колегите во врска со некоја активност, без притоа работата да “трпи“. Можам да кажам дека С8 Плус е како личен асистент кој секогаш го имате со вас, 24/7.
Фактор: Издржливоста на батеријата е приоритет за сите модерни корисници кои „зависат” од својот телефон. Какво е вашето искуство со полнењето на Галакси С8 Плус во споредба со други Самсунг модели?
Корисник: Со оглед на тоа дека пред да го набавам Галакси С8 Плус, го користам Самсунг Галакси С6, можам да речам дека С8+ се полни поспоро од С6, но издржливоста на батерија е значително поголема.

Фактор: Колку често ја користите камерата на Самсунг Галакси С8 Плус и дали сте задоволни од селфи фотките?
Корисник: Доста често. Најчесто едитирам слики со одредени ознаки и текст за потребите на работата. Предната камерата е исто така одлична, но со оглед на тоа дека не сум љубител на селфи фотографиите, многу ретко ја користам оваа камера.
Фактор: Освен за професионални задачи за што друго Самсунг Галакси С8 Плус најмногу ве воодушеви?
Корисник: Дефинитивно, најмногу сум воодушевен од брзината на работата на телефонот. Дефинитивно топло го препорачувам на сите!

Фактор: Дадете ни некој ваш совет за подобро и поефикасно користење на Самсунг Галакси С8 Плус?
Корисник: Подолго време користам Самсунг и не би можел да користам друг телефон, сите функции се по моја мерка. Единствено, кај овој телефон многу ми фали IP сензорот што го имаше во С6 (а го нема во С8), поготово за контрола на уреди со изгубен далечински управувач или при патување.
Автор: Христијан Станоевиќ
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




