Корона дебакл на берзата: Штериев смирува - Имаме ценовни стабилизатори
Објавено во: Економија 12 Март, 2020 11:44
Берзата руши негативни рекорди. Се уште не е завршено денешното тргување, но цените на акциите се буквално во слободен пад. Некои од компаниите губат и по осум проценти од вреднста на акцијата, а индексот МБИ 10 падна денеска досега за над осум отсто. Но ова не се случува само денеска. Падот почна од предминатата недела кога и почнаа стравувањата за ширењето на коронавирусот во земјава, па беше потврден и првиот позитивен случај. Иван Штериев директорот на Македонска берза, која е организатор на тргувањето вели дека негативниот ценовен тренд е резултат на влијанието на актуелните меѓународни случувања поврзани со вирусот. Вели дека внимателно ги следат случувањата, но и дека согласно правилата на тргување, постојат автоматски стабилизатори на цените.
„Негативниот ценовен тренд последните неколку дена на пазарот е примарно резултат на влијанието на актуелните меѓународни случувања поврзани со корона вирусот и високата меѓузависност на финансиските пазари во светот. Инвеститорите на нашиот пазар очигледно ги следат овие трендови и носат соодветни одлуки според сопствените проценки, при што во вакви услови психолошките фактори преовладуваат. Вчерашното официјално прогласување на пандемија на коронавирусот од страна на Светската Здравствена Организација е дополнителен фактор во оваа насока, што го потврдуваат и движењата на другите берзи, вели Штериев.
За Фактор додава дека Македонска берза будно ја следи состојбата на пазарот и своите овластувања и механизмите од Правилата за тргување коишто и стојат на располагање ќе ги примени доколку е потребно. ”
„Македонска берза, како организатор на пазарот на хартии од вредност, внимателно ги следи пазарните движења и трендови. Согласно нејзините Правила за тргување постојат определени автоматски стабилизатори на ценовните движења во форма на т.н. статички и динамички дневни лимити при промената на цената на определени хартии од вредност. Статичките лимити при континуираното тргување изнесуваат плус/минус 10 проценти, а динамичките плус/минус три отсто, вели Штериев.
Берзата во земјава се покажа како исклучително чувствителна на настаните иако така реагираа и другите пазари. Самиот Штериев за оваа година имаше надеж дека ќе е позитивна и за цените и за интересот поради стабилизацијата и влезот во НАТО, приближувањето кон ЕУ но тоа засега не е остварливо.
Александра Томиќ
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




