Корона влезе и во Влада: Двајца позитивни во СЕП, Османи негативен
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2020
Двајца вработени во Секретаријатот за европски прашања се позитивни на коронавирусот. Информацијата ја потврди и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи кој рече дека тие лица се во изолација.
„Сите контакти се тестирани и се негативни. Јас не сум бил во контакт со нив но секако се тестирав уште завчера и сум негативен. Веднаш почнавме процес на реорганизација, дезинфецирање на целата зграда по препораките. Ние сме свесни, како што имаше и Комисијата за заразни болести дека заболени сега ќе има секаде, но работата не смее да застане. Ќе се органзиираме согласно протоколите, рече Османи.
Додаде и дека препораките ги дава Комисијата за заразни боелсти но дека негов предлог е како што рекол веднаш во секоја институција да се назначи ковид координатор, кој ќе утврдува дали се почитуваат протоколите, дали вработените се собираат на кафе и дали работат на дистанца.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.