КОРОНАТА ЗЕМА ЗАМАВ: За 56,4 отсто повеќе заболени во однос на минатата недела

Објавено во: Македонија 04 Март, 2021
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000)
Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7 отсто, просечно 17,9 отсто.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=911, 25,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=666; 18,4%), 40-49 (n=660; 18,2%), 50-59 (n=612; 16,9%) и 20-29 (n=530; 14,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=61; 1,7%) и 10-19 години (n=188; 5,2%).
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.766 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, идентично во споредба со минатата недела.
Пријавени се 69 смртни случаи од 20 градови, за еден случај помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 60 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 22 до 28 февруари 2021, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.Можеби ќе ве интересира
НЕПОТИЗАМ, КРОНИЗАМ, КЛИЕНТЕЛИЗАМ, ПАРТИСКА ПОВРЗАНОСТ - во јавниот сектор и лани се вработувале малку „поеднаквите“ од другите

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ: Цитокинската бура е последица од претерана стимулација на имунолошкиот систем

Продолжуваат мерките за ограничување на движењето до 27 април, но предвидени се исклучоци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија ќе набавува вакцини од „Торлак“, Македонците кои се вакцинира, може да се ревакцинираат во Србија

Охриѓанец дал 4.500 евра на измамници кои го лажеле дека ќе добие наследство од Франција

Бројката на починати од коронавирусот надмина 4.500

Србите во Македонија нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август
