КОРОНАВИРУС: Најмладиот починат пациент има 35 години
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Февруари, 2021
Најмладиот починат пациент во последните 24 часа има 35 години. Станува збор за пациент од Кавадарци.
Пријавени се вкупно 20 починати лица од кои 14 од Жан Митрев Клиника за пациенти кои починале во периодот од 04.01-30.01.2021. Шест лица се починати во текот на вчерашниот ден. Починати се 12 пациенти од Скопје (59,61,62,62,66,66,68,71,74,75,80,83г), два од Струга (69,76г) и по еден од Виница (63г), Струмица (67г), Кавадарци (35г), Крушево (69г), Пробиштип (73г) и Радовиш (56г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2291 тестирања, а регистрирани се 350 нови случаи.
Досега во земјава повеќе млади луѓе во дваесеттите и триесеттите години од животот починаа од коронавирусот.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.