КОРОНАВИРУСОТ ГО ФРЛИ СВЕТОТ НА КОЛЕНА: Бројот на заразени надмина 9 милиони
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Јуни, 2020
Во светот има повеќе од 9 милиони заразени од коронавирусот.
Инфекцијата се шири најбрзо во Јужна Америка, која учествува со 23 проценти од сите случаи во светот.
Најголем број позитивни се потврдени во Соединетите Држави, 2,2 милиони, или 25 проценти од вкупниот број.
По САД, Бразил има најголем број заразени лица.
Индија наскоро може да ја престигне Русија на третото место во однос на бројот на заразени.
На глобално ниво, бројот на заразени лица се зголемува за околу 1 до 2 проценти на ден од почетокот на јуни.
Рекордни 176.000 нови случаи се регистрирани во петокот, според пресметката на Ројтерс.
Бројот на починати од Ковид-19 во Велика Британија денеска се зголеми за 15, на 42.647.Тоа е најниската дневна смртност од оваа болест од средината на март, соопштија денеска здравствените власти.