Косаченко: Децата ги поминуваат најубавите години криејќи се во засолништа, последиците ќе ги чувствуваме долго време
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2022 07:35
Нема мир за Украинците откако почна војната на 24 февруари. Ретки се оние кои не чувствствуваат стрес и психолошки последици.
Истражувањето на социолошката група Рејтинг покажа дека бројот на Украинци кои својата емоционална состојба ја оценуваат како многу напната или напната е речиси 50 отсто. Во мирна емоционална состојба денес се само 8 отсто од испитаниците, додека пред војната оваа бројка се движеше од 22-26 отсто.
Постарите луѓе ја дефинираат својата состојба како емотивно најнапната. Оваа ситуација е забележана и кај жените, кои обично поемотивно реагираат на тешки ситуации. Речиси 60 отсто од нив имаат високи и многу високи нивоа на емоционален стрес, додека кај мажите погодени се само 35 отсто. Огромното мнозинство (74 отсто) од оние во тешки околности ја оценуваат својата состојба како стресна. Најпогодени се оние кои ја напуштилe источна Украина или ја изгубиле работата поради војната.
„Луѓето умираат, губат работни места и станови. Децата ги поминуваат најубавите години, криејќи се од воздушни напади, проектили, во засолништа и подруми, добиваат физички и психички повреди. На 27 јуни, руски авиони фрлија бомба врз трговски центар во Кременчук, на 26 јуни, врз станбена зграда во Киев. Речиси и да нема градови што не биле погодени од војната. И возрасните и децата страдаат од стрес, психолошка траума, стравови, анксиозност, напади на паника. Да, се разбира, луѓето бараат помош и им е потребна поддршка во горенаведените услови. За жал, психолошките последици од војната ќе се чувствуваат долго време. Понекогаш луѓето дури и не бараат помош, бидејќи фокусот сега е на опстанокот“, вели психологот Светлана Косаченко за Фактор.
Психолозите имаат полни раце работа, консултации прават и онлајн, но додаваат дека голем е бројот на оние кои имаат потреба од стручна помош, а не се обратиле кај стручно лице.
„Мојот обем на работа се удвои, особено овој месец, но колегите велат дека луѓето сега не сакаат да одат кај психолози, има погорливи прашања. Конкретно безбедносните прашања, финансиските проблеми, луѓето преживуваат. Клиентите се претежно млади“, додава психологот.
Психологот објаснува дека се јавува несоница по гранатирањата, чувство на срам и немоќ кај луѓето затоа што не се безбедни и не можат да помогнат.
Дополнително, забележано е дека луѓето од завојуваните региони одбиваат комуникација со странци. Ова е наведено во анкетата на Рејтинг.
„Украинците не сакаат да комуницираат со Русите! Благодарни сме на другите народи за нивната помош и засолниште!“, рече Косаченко.
Русија на 24 февруари ја нападна Украина и војната уште трае. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и деца.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




