Косана Мазнева на местото на Зуди Енузи, Арсовска постави нова директорка на Комунална хигиена
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2022 14:06
Косана Мазнева е поставена за нов директор на Комунална Хигиена, сооопштуваат од кабинетот на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
- Денес за нов директор на Јавното Претпријатие Комунална Хигиена Скопје е назначена Косана Мазнева. Мазнева има повеќе од 15 години искуство, од кои како раководител на сектор природа во Министерство за животна средина и просторно планирање, одговорен инженер и советник за животна средина во АД Електрани на Македонија и поранепен пратеник во два мандата. Високо образование има завршено на Природно-Математичкиот Факултет во Скопје - се наведува во соопштението испратено од кабинетот на градоначалничката.
Мазенева го пополнува испразнетото директорско место по експресното разрешување на Зуди Енузи од позицијата вршител на должноста директор на јавното претпријатие Комунална хигиена.
Одлуката за разрешувањето на Енузи од позицијата, соглаасно соопштението на градоначалничката Данела Арсовска е донесена по информациите дека братоте на Енуџи, Цуфи Кока е лице кое се закануваше со пиштол за време на еден од протестите о близина на плоштадот Скендер Бег за време на протестите.
- Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите. И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност - беше посочено во соопштението од кабинетот на градоначалничката на Скопје.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




