Кошмар за соседите: јапонски милијардер поседува 27 куќи на Хаваи
Објавено во: Стил 10 Септември, 2013 21:54
Жителите на Кахала го обвинуваат Кауамото дека намерно оставил домовите да се урнат , со што ќе се урне цените на недвижностите во регионот , за да може да ги купи сите од ова место . Во март 2013 година градот Хонолулу го тужел Кауамото за над 65 различни прекршоци , како што се загадувањето , за што тој платил над 42 000 долари казни . Казните сепак, се ништожни за милијардерот , кој има дадено над 100 милиони долари за да ги купи куќите.
Сепак , не сите од 27-те куќи се ненаселени . Во 2007 година тој им дозволил на неколку бездомни семејства од хавајско потекло да живеат во куќите без да плаќаат кирија . Сепак, Хавајците се радуваат поради тоа што не е јасно колку време уште јапонскиот магнат ќе биде сопственик на распаднатите куќи.
Кауамото беше уапсен во март во Јапонија за криење на 10 милиони долари даноци ( Кауамото плати гаранција од 5 милиони долари , за да излезе од затвор ).Се засилуваат шпекулациите дека наскоро тој ќе го продаде сиот свој имот, за да се спаси од затвор. Соседите речиси едногласно ја поддржуваат продажба и инсистираат за уште казни спрема магнатот кој за оние кои до критикуваат вели : „ Ми завидуваат. "
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





