Косоварите пети на листата по добивање германски пасоши
Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2014 13:27
Бројот на странците кои имаат добиено германски пасош во 2013 година беше 112.353, што е сличен на оној од претходната година. Но, како што објави германскиот Сојузен завод за статистика, промените сепак се видливи.
Во изминатите година дена е зголемен за 15,3 проценти или 3.100 од нејзините странци од земјите на ЕУ кои станале германски државјани, пишува порталот „Albinfo“.
Најбројни се полските државјани, кои бараа германски пасош. Нивниот број во 2013 година е зголемен за 21,5 проценти во споредба со пред година дена.
Но најголем пораст има кај Украинците (23 проценти) и Италијанците (25,1 проценти).
Сепак е намален за 6200 (минус 14,2 проценти) бројот на државјаните на земјите кандидатки на ЕУ кои бараа да станат натурализирани во Германија.Голем пад (16 проценти) е забележан во натурализација на Турците.
Сепак, во апсолутни бројки, Турците се оние кај кои бројката од 27.970 луѓе се наоѓа на прво место по добивање германско државјанство во 2013 година .Зад нив со големи разлики доаѓаат Полјаците со 5466, со 4539 Украинците, 3498 Грците и пети доаѓаат Косоварите со добиени 3294 германски пасоши во 2013 година.
Од стапувањето на сила новиот закон за натурализација од 2000 година со германско државјанство се стекнаа 1.750.000 странци. Турските државјани од почетокот се најголем број на натурализирани. И.РМожеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




