Косовците единствено во регионот мора да патуваат со виза во БИХ
Објавено во: Балкан 01 Јануари, 2025 17:23
БиХ останува единствената земја во регионот која применува визен режим за Косово. Од денеска босанските државјани можат безвизно да патуваат во Косово, но не и Косовците во БИХ.
Инаку денес стапи во сила одлуката на косовската Влада за еднострано укинување на визниот режим за граѓаните на Босна и Херцеговина, а првата група патници, кои од Сараево тргнаа кон Приштина, на полноќ со лични карти ја минаа косовската граница.
Босна и Херцеговина продолжува да применува визен режим за Косово, бидејќи неговото укинување е блокирано од страна на ентитетот Република Српска.
Групата, која влезе во Косово под организација на Албанската заедница во БиХ во координација со косовскиот премиер Албин Курти, ја пречека косовската вицепремиерка Емилија Реџепи.
Косовскиот премиер Албин Курти во октомври за време на самитот во Берлинскиот процес најави дека Косово еднострано ќе го укине визниот режим за граѓаните на Босна и Херцеговина од 1 јануари.
Можеби ќе ве интересира
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС




