17 Мај, 2024
0.0295

Косово има 12 часа да ги укине мерките кон Македонија! Во спротивно сите Косовци ќе плаќаат за влез во земјава!

Објавено во: Економија 08 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Владината одлука е да се плаќа по 5 евра за секој автомобил што од Косово ќе влезе во Македонија, плус по 2 евра за секој патник. За камионите и автобусите се наплаќа по 10 евра, како и по 2 евра за секој патник. Фактор утрото јави дека на владина седница копјата се кршеле околу тоа какви мерки да бидат превземени за да се возврати на ударот на Косово. Мерката стартува вечерва на полноќ, доколку во меѓувреме Косово не се јави со реакција, односно не ги укине мерките што ги воведе кон Македонија. Токму затоа, според сознанијата на Фактор, разгледувана била опцијата  да се воведат такси за сите косовски државјани за влез на територијата на Македонија. Но, освен за косовските државјани, било предложено дополнителни давачки да се наплаќаат и за секој автомобил, автобус, или камион. А, висината на давачките што Македонија би ги наплаќала дополнително би се утврдила, но според првичната идеја ќе се движат до 20 евра по лесно возило, односно кмби, а многу повеќе за автобуси. На седница на Владата биле разгледани и уште неколку опции за воведување на нови царински давачки, кои ќе се однесуваат за увоз на производите од Косово. Македонија во континуитет има трговски суфицит во размената со Косово. Бројките покажуваат дека од 2009 година до 2011 година трговската размена и извозот на Косово е во постојан пораст. Но веќе во 2012 се забележува пад во трговската размана и извозот на македонските порозводи на косовскиот пазар. Падот во размената е очигледен и во првите седум месеци до годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година трговската размена меѓу двете земји изнесувала 324 милиони долари, од кои 314 милиони долари се извоз од Македонија во Косово, а близу 10 илјади долари се увоз од Косово во Македонија. Како ќе реагира Косово се уште не се знае.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија