Косово ќе поднесе тужба против Србија за геноцид
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2015
Косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи изјавил денеска за време на Советот за безбедност на ОН за Косово, дека Приштина во најскоро време ќе поднесе тужба за геноцид против Србија и ќе побара отштета, соопштија локалните медиуми.
Според него, во моментов се подготвува соодветната документација за геноцидот. Тој додал и дека Приштина ќе побара независна меѓународна истрага за настаните во Куманово, каде при вооружен судир загинаа осум македонски полицајци и 14 напаѓачи.
„Косовската полиција го осудува насилството. Нема да одржиме ниту една акција, која би ја дестабилизирала Македонија. Силно го поддржуваме и Охридскиот договор“, изјавил Тачи.
Тачи, исто така, ги отфрли и како неосновани тврдењата за создавање на Голема Албанија и изјави дека Белград и Приштина наскоро треба да пристапат кон „заемно признавање“.