16 Декември, 2025
0.0474

НОВИНАРИ ЈА ПРАШАА БРНАБИЌ ЗОШТО НЕ ЗАПАЛИЛА СВЕЌА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО НОВИ САД: Taa не сакаше да одговори на ова и друго прашање

Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2024 17:53

Добивај вести на Viber

Новинари ја прашаа претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ зошто не запалила свеќа за жртвите во Нови Сад. 

Брнабиќ прво не сакаше да одговори, а потоа кажа дека тоа е нејзина лична работа.

„И не се чувствувам како некој кој сака да одговори на тие прашања во овој момент, од сите луѓе“, рече Брнабиќ. 

За тоа зошто хулиганите со палки кои во одреден момент се придружиле на вчерашниот протест не се уапсени и зошто им било дозволено да прават немири, таа не одговори.

Претседателката на парламентот на Србија изјави дека сакаат и бараат целосна одговорност за сите – и кривична, и морална и политичка за несреќата во Нови Сад каде загинаа 14 луѓе, откако на Железничката станица се урна натстрешницата.

„Ќе инсистираме на тоа и нема да сопреме додека тоа целосно не се исполни. Сакам уште еднаш јасно и недвосмислено да го осудам насилството на кое сведочевме вчера во Нови Сад. Такви слики и глетки не ѝ служат на чест на Србија ниту на нашето општество“, изјави Брнабиќ.

Таа го осуди сквернавењето на знамето, уништувањето на приватниот и јавниот имот. 

„Да го осудам сето она што го видовме, од мокрењето на Градската куќа до цистерната со фекалии за некој да ја полева Градската куќа“, кажа таа и додаде дека ги осудува и оние кои „таквиот идиот не го спречиле“.

Наведе дека тоа не е само навреда, туку дека е загрозено јавното здравје на граѓаните на Нови Сад.

Меѓу 14-те загинати беше и македонскиот научник, Васко Саздовски. 

Девет лица се уапсени за наредите синоќа во Нови Сад. Протестите излегоа од контрола и имаше насилства. 

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени