СРПСКА ЛИСТА ЗАДОВОЛНА ОД ПОБЕДАТА НА ТРАМП: Велат ќе запре прогонот на Србите и ќе се формира Заедницата на српски општини
Објавено во: Балкан 06 Ноември, 2024 19:21
Партијата Српска листа е охрабрена од победата на Доналд Трамп во САД. Убедени се дека ќе инсистира на формирање на Заедницата на српски општини.
Велат дека „српскиот народ секогаш бил со претседателот Трамп“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Партијата Српска листа верува дека со враќањето на Трамп на чело на САД ќе престане „систематскиот прогон на српскиот народ“ во Косово и дека ќе се инсистира на формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово.
„Српска листа во името на српскиот народ од Косово му честита на Доналд Трамп за неговата убедлива победа и неговиот избор на функцијата претседател на Соединетите Американски Држави, убедена дека добрите односи и соработка меѓу САД и Србија, изградени во неговиот прв мандат, дополнително ќе се подобрува и зајакнува. Веруваме и очекуваме дека положбата и проблемите на српскиот народ на Косово ќе бидат во полн фокус, убедени дека администрацијата на претседателот Трамп нема да дозволи продолжување на систематскиот прогон на српскиот народ од вековните огништа во Косово, како и дека ќе инсистираат да се почитуваат основните човекови и политички права на српскиот народ, но и сите потпишани договори, особено оној што се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини. Српскиот народ отсекогаш бил со претседателот Трамп, затоа е искрено охрабрен од оваа историска победа!“, се вели во соопштението на Српска листа.
Српскиот политичар од северно Косово, Александар Арсенијевиќ претходно на платформата „Х“ објави фотографија од северот на Митровица со постер на Трамп, кој бил истакнат по веста за неговата победа.
Повеќето лидери му честитаа на Трамп, освен рускиот претседател Владимир Путин.За Русија, САД останува непријателка земја. Меѓу членовите на Демократската партија има незадоволство и преиспитување откако американската потпретседателка Камала Харис доживеа шокантен изборен пораз, пренесоа американските медиуми.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




