ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ: Србија е поподготвена за членство во ЕУ отколку што беа повеќето земји кога беа примени
Објавено во: Балкан 07 Ноември, 2024 18:56
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дка Србија денес е поподготвена за членство во Европската Унија(ЕУ) отколку што беа повеќето земји кога беа примени.
Вучиќ изјави денеска дека очекува Европската унија да донесе стратешка политичка одлука за прифаќање на Србија како членка.
„Треба да ја погледнете економската сила на Србија. Ние би сакале да биде поголема, значително поголема од она што беа 40 или 50 отсто од членките на Европската унија пред да влезат во ЕУ“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека ако денес се анализира кои земји можат да ги исполнат сите критериуми за влез во ЕУ кои се ставени пред Србија, мал број вели ги исполниле тие критериуми.
Кандидатката за еврокомесар за проширување Марта Кос изјави дека е можно до крајот на нејзиниот мандат најмалку две држави да ги завршат пристапните преговори со Европската Унија. Таа објасни дека Црна Гора би можела да ги затвори сите поглавја до крајот на 2026 година, а Албанија може да го направи тоа до 2027 година.Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




