17 Мај, 2024
0.0301

Косово со нова закана за Македонија: Целосно ги спушта рампите за сите стоки?

Објавено во: Економија 08 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Косовските државјани кои сакаат да влезат во Македонија мора да платат по две евра патна такса, уште пет евра се наплаќа за автомобил и десет ева за влез на камион или автобус. Оваа мерка стартуваше од синоќа на полноќ. Косовските државјани кои ја минуваат границата и доаѓаат во Македонија се револтирани, но револтирани се и македонските камионџии кои натоварени со макеоднски производи веќе неколку дена не можат да влезат на косовска територија, а косовските цариници ги враќаат назад поради ембаргото што земјата го воведе за Македонија. Косово со нова закана до Македонија. Косовските власти, најавуваат дека целосно ќе ги спуштат рампите за сите македонски производи, а не само за одредени, како досега. Ваквата нова закана им била упатена на македонските власти, откако земјава воведе патна такса за косовските државјани кои сакаат да влезат во земјава. Министерката за трговија на Косово, Мимоза Кусари, вели дека е можно проширување на листата на стоки кои ќе бидат забранети за увоз на Косово од Македонија. „Ние инсистираме ова да биде чисто економско прашање. Владата на Косово прави нови консулатции за да се види кој ќе биде следниот чекор. Секако дека таквите форми на реакција не можат да и прават ултиматум на косовската влада. Во спротивно и ние можеме да ја прошириме забранетата листата на стоки што од Македонија доаѓаат во Косово“, изјави Кусари за косовските медиуми. Владата на Косово нема намера да воведе реципрочни мерки за македонските државјани. „На тоа ниво ние нема да се спуштаме. Но, на Македонија ќе и покажеме дека ако тие продолжуваат на таков начин да ги третираат косовските државјани, тогаш загубите директно ќе ги почувствуваат во нивната економија. Реципрочни мерки за слободното движење на граѓаните нема да има, затоа што ние сме свесни дека од таквата одлука најголема штета ќе имаат Албанците од Македонија и останатите кои доаѓаат во Косово, секако и Македонците“, изјави за косовските медиуми Кусари. По најавите дека Косово целосно ги спушта рампите за сите македонски производи, Македонија сега размилсува за дополнителна, нова мерка. Неизвесно е до каде ќе оди оваа трговска војна меѓу двете држави, ниту дали македонска делегација утре ќе оди на преговори со косовските власти.

Можеби ќе ве интересира

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите