18 Декември, 2025
0.0828

Косовска новинарка ги бранеше Србите, по што добила закани дека нема долго да живее

Објавено во: Балкан 06 Декември, 2022 20:17

Добивај вести на Viber

Косовската новинарка Зана Авдију рече дека провокациите на Гранит Џака насочени кон Србите се „срамни и скандалозни“, а сега таа стравува за сопствениот живот. Таа добивала закани. 

Како што кажа нејзината адвокатка Аријанита Кочи, споменатата новинарка во последните неколку дена добивала многубројни пораки преку социјалните мрежи, а многу од нив повикуваат и на нејзино убиство. 

Еден од корисниците ѝ напишал дека има време да дојде до неа за да ја убие, алудирајќи на убиството што се случи пред само неколку дена во Универзитетскиот клинички центар во Приштина, кога трудница беше пронајдена мртва во дворот.

Кочи пишува дека ваквите закани се недозволиви. Кажа дека светот може да не се согласува со Зана, но дека никој не смее отворено да ѝ се заканува.

Новинарката го коментираше мечот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар. Гранит Џака по мечот со Србија го соблече дресот под кој имаше маица на која стоеше бројот 26 и името Јашари. Многумина се прашаа што тоа значи. Јашари е основачот на УЧК, а бројката 26 исто така има значење.

Пред 26 години во 1996 година Адем Јашари ја изведе најголемата акција во која петмина Срби беа убиени, а неколку ранети.

Денеска повторно имаше тензии на Косово. Но, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека е добро што нема жртви. 

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии