15 Декември, 2025
0.0803

Косовската полиција знае каде точно се обвинетите за „Монструм“?

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 14:37

Добивај вести на Viber

Мојот брат е во Косово, комуницирав со него преку вибер, изјави на денешното рочиште за случајот „Монструм“ обвинетиот Агим Исмаиловиќ. 

На прашање на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи која е точната адреса и каде точно се наоѓа неговиот брат Африм Исмаиловиќ, обвинет во оваа постапка кој се бара по потерница, Агим кажа дека тој живее во Приштина, дека адресата не ја знае, но дека косовската полиција има точни податоци и многу добро знае каде живеат и неговиот брат Африм како и обвинетиот Алил Демири, по кого исто така е распишана е меѓународна потерница.

На прашање на судот и на обвинителството, обвинетиот Агим Исмаиловиќ различно одговори каде бил на денот кога се случи петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Неговото алиби беше различно од тоа дека бил на работа во интернет кафе, па бил да се моли во џамија и бил дома, за на крајот да одговори дека не се сеќава точно каде се наоѓал во тој период, односно во своите одговори го кажал само начинот како му течел распоредот за еден вообичаен ден.

Обвинителката Фетаи укажувајќи му дека се работи за грозоморен настан, дека секој би се згрозил од вакво убиство и дека секој од нас барем еднаш го споменал овој настан, го праша дали и тој некогаш од човечки аспект зборувал за петкратното убиство.

По неговите различни одговори за тоа каде се наоѓал на денот на петкратното убиство, Фетаи наведе и дека во претходната судска постапка, освен овие три одговори кажал дека местел канализација. Каде и со кого и колку дена работел и поставувал канализација, Агим Исмаиловиќ на денешното рочиште не знаеше точно да одговори пред судот.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани