15 Декември, 2025
0.0355

КОСТАДИНОВ СЕ ПРОСТИ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА И МУ ПОРАЧА НА ЈАНКОВ: „Да го охрабрам да ја согледа и препознае визијата за Струмица“

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2025 14:56

Добивај вести на Viber

Досегашниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, преку социјалните мрежи и официјално се прости од градоначалничката функција и испрати порака до новиот градоначалник.
Почитувани сограѓани,

драги струмичанки и струмичани,

Секој мандат има свој почеток и крај.

Денес, функцијата Градоначалник на општина Струмица му ја предадов на новоизбраниот Градоначалник, Петар Јанков.

Јавно му пожелувам, пред сѐ многу здравје и секако, успех во работењето, затоа што посветеноста на таткото на општината е секогаш успех за Струмица.

Сакам да го охрабрам да ја согледа и препознае визијата за Струмица како модерен, европски и зелен град, визија на цела генерација Струмичани која верува во подобра иднина тука, дома.

Огромна чест и задоволство е да се води општина како Струмица и верувам дека со мојата јасна визија успеав да ги исполнам очекувањата на сите Струмичани. Заедно со мојот тим, во изминатите четири години ја создадовме најдобрата верзија на нашата Струмица. Проектите и резултатите се евидентни, а голем дел оставаат и траен белег во развојот на општината.

Се надевам дека со довербата која ја добив од струмичанки и струмичани ги исполнив нивните очекувања, а тие го препознаа вложениот труд и ангажман и денес ги живеат резултатите од мојот градоначалнички мандат. Во оваа прилика благодарам на сите за поддршката, но и за критиките кои секогаш нè прават подобри.

За сѐ има вистинско време и место. Да ги видиш и да ги согледаш е доблест, а да делуваш е моќ.

Кон нови победи и успеси, продолжувам понатаму, од срце за Струмица“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“