КОСТАДИНОВ: Законот за ЈО е темел за неселективната правда
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2020 13:50
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов вели дека Законот за ЈО е темел за неселективната правда.
Додава дека секој кој се огрешил пред законот ќе одговара за сторениот криминал.
„СДСМ и коалицијата е на страната на правдата, наспроти Христијан Мицкоски кој се обидува да го спречи носењето на законот за да се спасат од одговорност бандитите од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски работи по нарачка на неговиот ментор од Будимпешта, но им порачувам дека нема да им успее. Ги повикувам пратениците да остснат доследни, да го подржат законот за ЈО, за кој има поддршка од нашите партнери од меѓународната заедница“, изјави Костадинов.
Костадинов очекува поддршка од 80 пратеници.
Во секој момент треба да започне седницата во Собранието која беше закажана за 13 часот. Власта инсистира да се донесе овој закон пред да се распушти Собранието. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколку пати потенцираа дека бараат тим од професори да работат на законот. Деновиве во Собранието пратеници од ВМРО-ДПМНЕ обвинија и дека наводно се тргува со гласови. И амбасадорите во земјава повикаа неколку пати што поскоро да се донесе Законот за ЈО.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




