19 Декември, 2025
0.0562

Костовски: Точно е дека како групација имаме долг од пет милиони евра кон Комерцијална банка - под хипотека се зградата, Поштенска банка и Палата Македонија

Објавено во: Економија 14 Август, 2020 18:51

Добивај вести на Viber

Сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, вели дека не знае дали и какви интереси стојат зад ненадејната и за него шокантната и повеќе од избрзана одлука на Народна банка на Македонија да и ја одземе дозволата за работа на Еуростандард банка и за неа да побара стечај пред надлежниот суд.

„Јас можам само да претпоставам, но не би можел никого да обвинам“, рече Костовски.

На прашањето на Фактор, дали можеби позади ова стојат бизнис интереси кои би биле поврзани со атрактивноста на зградата на Еуростандард банка, која е нов и убав објект и е лоцирана во ценатрот на главниот град, тој рече дека не би сакал да влегува во шпекулации.

Но, како што нагласи, точно е дека Еуростандард бнка за секого е добар залак. 

Тоа е не само заради атрактивноста на зградата на банката, туку и поради ексклузивниот договор со Македонски пошти, кој, како што нагласи Костовски, злато вредеи. 

„Банката има договор со Македонсмки попшти која има 330 експозитури. Практично во секое село има експозитура на Македонска пошта. Тоа е златна кокошка. И нормално е некој за ова да има интерес. Но, јас тој човек не можам да го препознаам, не знам кој е тој човек што би имал таков интерес. Вие сте новинари, истражувајте“, рече Костовски. 

На новнарско прашање дали Еуростандард има земено кредит од Комерцијална банка, Костовски вели дека банката нема кредит, но затоа кредит од пет милиони евра има групацијата на семејството костовски.

„Точно е дека групацијата има кредит кон Комерцијална банка од пет милиони евра, а за тој кредит беа ставени под хипотека зградата на Еуростандард банка, Поштенска банка, како и Палата Македонија“, рече Костовски.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии