Костумите на Мајкл Џексон продадени на аукција за 5 милиони долари
Објавено во: Стил 03 Декември, 2012 15:14
Меѓу новите сопственици на овие предмети е и пејачката Лејди Гага, која купи вкупно 55 артикли од аукцијата. Синоќа ѕвездата ова го потврди и на официјалната страница на социјалната мрежа Твитер, каде напиша дека вредните предмети, некогаш сопственост на кралот на поп музиката, сега "ќе бидат во сигурни раце".
Пејачката планира да вработи професионалци кои да се ке се грижат за заштитата и чувањето на овие колекционерски предмети.
Директорот на „Julien's Auctions“ Дарен Џулиен, коментира дека познатата јакна што Џексон ја носел за време на светската турнеја "Bad", достигнала цена од 240 илјади долари.
Истовремено две од ракавиците на познатиот изведувач, украсен со кристали, се продале за 200 илјади долари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





