19 Мај, 2024
0.0376

Ковачевски - Азески: Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, ќе се најдат решенија за недела неработен ден

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд, и ќе се најдат решенија за предизвиците околу недела неработен ден. 

Премиерот Димитар Ковачевски со економскиот тим на средбата со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, членовите на Управниот одбор и најистакнатите стопанственици во државата ја истакна важноста од континуираната соработка, партнерски однос со деловната заедница сè со цел постигнување повисоки стапки на економски раст и решавање на предизвиците од енергетската криза и пандемијата кои се одразуваат на финансискиот капацитет на економијата.

Ковачевски и претседателот на Стопанската комора Азески се согласија дека на 18 февруари Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставниот суд во врска со законското решение за недела неработен ден и дека во периодот што претстои ќе се најдат сеопфатни решенија за предизвиците околу спроведувањето на законот.

Премиерот на средбата со деловната заедница истакна дека фокусот на економијата е приоритет и се осврна на досегашната соработка и важноста од инклузивниот процес за донесување на антикризните мерки кои дадоа добри резултати, 60.000 работни места се заштитени во државата кои што инаку без тие мерки би биле загубени, исто така и ликвидноста на компаниите беше задржана.

„Целта на денешната посета практично е продолжување на соработката и затоа состанокот веднаш го правиме во првата недела од изгласувањето на новата Влада и сакам да ве уверам дека ваков тип на средби ќе продолжат без разлика дали тие ќе се случуваат тука или ќе се случуваат во кабинетот на Владата, ние остануваме поддржувач како Влада на приватниот сектор, тоа е курс кој го имаше оваа Влада уште од нејзиното формирање“, рече премиерот. 

На состанокот премиерот Ковачевски, заедно со владиниот економски тим, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, министрите за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, како и за труд и социјална политика Јована Тренчевска дискутираа со раководството на Стопанската комора на Северна Македонија за реализацијата на Планот за економски раст, кој се однесува на забрзување на домашните јавни и капитални инвестиции како и на странските стратешки инвестиции.

Во таа насока на работната средба беше посочено дека се работи на Законско заокружување за стимулирање различни форми на вложување во енергетиката, како и за мониторирање на процесите на инвестициите и на ефикасноста на реализацијата, а се зборуваше и за потребата од синхронизирање на процесите на дигитализација во владините институции со цел координирање на процесот.

Претставници на деловната заедница ги поздравија заложбите за се поголеми инвестиции во обновливи извори на енергија, унапредување на системот за транспорт на енергијата, инвестициите во инфраструктурата како и важноста од создавање на предвидлив деловен амбиент. Беше укажано дека е потребно законски да се забрза процесот на инвестициските активности пред сè во енергетиката како клучен проблем на компаниите.

Од бизнисот произлегоа и други предлози како на краток, среден и долг рок да се направат одредени чекори и во насока на надминување на проблемот со енергетската криза.

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија